Неверојатни совети од Елон Маск за подобар и поисполнет живот
Водејќи ги Tesla и SpaceX, Елон Маск сигурно нема многу слободно време. Па, кога имате толку натрупан распоред, водењето добар и исполнет живот добива целосно ново значење. Погледнете неколку одлични совети од Елон кои ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од вашиот живот.
1. Секогаш спијте доволно
Елон еднаш изјавил дека во просек спиел по речиси 6 часа. Иако на повеќето луѓе им се потребни 8 часа сон, со позафатен живот доволно се и 6.
„Спиењето е одлично. Сфатив дека ако не се наспијам доволно може да бидам нервозен. Кога не спијам доволно сработувам помалку бидејќи тоа има влијание на мојата ментална способност.“
2. Користете имејлови и пораки за да го контролирате вашето време
Ако сте заглавиле на конференциски разговор, сигурно знаете колку време можете да изгубите. Поради ова, Елон користи исклучиво пораки и имејлови за да не троши време на телефонски разговори. Ова му помага сам да си го прави распоредот.
3. Практикувајте мултитаскинг секогаш кога е возможно
Ако можете да правите две нешта одеднаш, се доближувате до продуктивноста на Елон. Тој изјавил дека мултитаскингот му помагал да заврши многу работи навреме.
„Она што го сфатив е дека можам да бидам со децата додека истовремено одговарам на имејлови. Можам да бидам со нив, а сепак да работам во исто време. Ако не го правам тоа нема ништо да завршам.“
Иако добива многу критики поради тоа што не се фокусира целосно на неговите деца, Елон смета дека оваа стратегија е добра за него и за неговите најмали.
4. Секогаш барајте начин да се подобрите
Елон изјавил дека постојано бара начин да се подобри, дури и ако треба да работи 100 часа неделно.
„Сметам дека е важно да размислувате за она што сте го направиле и како би можеле да го направите подобро. Мислам дека тоа е најдобриот совет – постојано размислувајте како можете подобро да ги направите работите и прашувајте се за вашите способности.“
5. Целете кон разбирање, не кон помнење
„Важно е да го гледате знаењето како семантичко дрво. Разберете ги основните принципи, т.е. столбот и големите гранки пред да им обрнете внимание на листовите. Во спротивно тие нема на што да се држат.“
Со други зборови, тој сака целосно да ги разбере основите на некој принцип наместо истиот само да го запомни. Правете го тоа и ќе забележите големо подобрување во вашата едукација.
6. Не плашете се од ризици
Елон ги вложил сите свои пари во Tesla кога компанијата остана без пари, а ова било огромен ризик. Во април, 2017-та година, компанијата ја надмина вредноста на Ford и General Motors, со ова станувајќи највредната компанија во Америка. Денес Tesla „тежи“ 50 милијарди евра. Понекогаш облогот како оној на Елон навистина се исплати.
7. Најдете време за семејството
Елон се обидува да поминува што е можно повеќе време со неговите 5 синови. Иако нема целосно старателство над нив, тие често ги посетуваат неговите фабрики и го придружуваат на неговото годишно кампување.
„Јас сум добар татко. Децата се кај мене речиси половина недела и поминувам доволно време со нив. Исто така ги земам со мене кога одам на патување.“
Дури и еден од најзафатените луѓе знае што е навистина важно. Сите можеме да научиме нешто од ова.
Прочитајте ги и овие приказни за славни ѕвезди и милионери кои ќе ви докажат дека не треба да се откажувате.