Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!

Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!

Најдобрата опција за подмачкување на тавата е масло во спреј. Но, тоа кај нас го нема во секоја продавница. Дури и кога ќе наидете на вакво масло, цената не е достапна за секого. Затоа можете да се послужите со овој трик што ќе ја олесни работата при пржење и печење на многу готвачи.

Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!

За да направите вакво масло, потребно ви е само едно пластично шише со распрскувач, коешто ќе прска што е можно поситно. Посипете масло по ваша желба и спрејот за пржење е готов!

Чувајте го маслото во фрижидерот, а пред употреба оставете го неколку минути на собна температура. Најдобро е да ставате мала количина во шишето за да ви биде полесно неговото користење.

Можете да користите секаков вид масло, а доколку се одлучите за кокосово масло, пред употреба треба да го ставите спрејот во топла вода за да се растопи и да биде што е можно потечен.

Доколку сакате пикантно масло, наполнете едно шише лути пиперки, а потоа полијте ги со масло.

Погледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар