Нешто поразлично: Пробајте ги овие крцкави топчиња со туна и моцарела
Како што ви е добро познато, туната, скушата, харингата и сардината се исклучително здрави бидејќи се богати со омега-3 масни киселини, протеини, железо и други хранливи материи. За денешното мени ви предлагаме кнедли од туна и моцарела кои се совршен избор доколку немате време за готвење.
Потребни состојки:
- 300 грама конзервирана туна
- 200 грама крем сирење
- 200 грама рендана моцарела
- 1 јајце
- 3 лажици лебни трошки + лебни трошки за пржење на топчињата
- сол, бибер, магдонос и копар
Начин на подготовка:
1. Изматете го јајцето и додадете ги крем сирењето и ренданата моцарела. Во смесата додадете ја добро исцедената туна и зачинете.
2. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте ги состојките и формирајте топчиња со големина на орев. Пржете ги топчињата додека не поруменат од сите страни.
3. Ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги со вашиот омилен сос или салата. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за крцкави топчиња со туна и моцарела, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за „Цезар салата“ со туна.
Извор: punkufer.dnevnik.hr