Нешта што треба да ги знаете доколку земате додатоци во исхраната
Многу луѓе земаат додатоци во исхраната, особено во текот на зимата, со цел да добијат малку енергија, да го зајакнат нивниот имунитет и слично. Меѓутоа, многу често по земањето на додатоците, се случува да се појават тешкотии.
Доктор Дејвид Поперс од медицинскиот центар на Универзитетот во Њујорк, истакнува дека одредени видови витамини и минерали можат да предизвикаат голем број гастроинтестинални проблеми, како што се болки, непријатност, дијареја, тешкотии и слично.
Најчесто овие проблеми се јавуваат поради грешките што ги прават луѓето при земањето на додатоци во исхраната. Погледнете за кои станува збор.
Не треба да ги земате витамините на празен стомакот
Витамините кои имаат „кисел“ состав, како на пример витаминот Ц, можат да предизвикаат тешкотии доколку ги земате на празен стомак.
„Одредени витамини треба да ги земате по јадење, а постојат хранливи материи кои организмот подобро ги апсорбира доколку ги земате со оброк.“
Исто така, постојат и додатоци кои е подобро да ги земате независно од оброкот. Овде спаѓаат витамините А, Д, Е и К кои се растворливи во масти и кои подобро се искористуваат без храна.
Проверете дали добро ги комбинирате витамините
На некој начин, витамините се како лекови. Може да дојде до несакани дејства од одредени комбинации на витамини, или од комбинации на витамини со некои лекови. Затоа, од голема важност е да се консултирате со лекарот кои витамини можете да ги земате заедно, како и дали постои можност витамините да влијаат на дејството на препишаната терапија, доколку земате некакви лекови.
Несаканите дејства на мултивитаминските додатоци се јавуваат почесто доколку е покачено нивото на естроген. Ова може да се случи доколку жените земаат контрацепциски пилули.
Исто така, некои витамини функционираат подобро во комбинација, додека кај други се намалува апсорпцијата доколку се комбинираат. На пример, железото се апсорбира најдобро доколку се зема со витамин Ц. Но доколку го земате со калциум, ефектот ќе биде спротивен.
Мултивитамините имаат големо количество железото
Мултивитамините кои содржат големо количество железо можат да предизвикаат тешкотии. Доколку железото не го земате со храна, најверојатно ќе се појават проблеми со стомакот.
Дознајте и дали навистина ви се потребни додатоци во исхраната.