Нешта што треба да ги запомните во вашите доцни 20-ти
Наближува третата деценија од вашиот живот, а тоа ќе го сфатите одеднаш. Луѓето околу вас се венчаат, купуваат куќи, слават годишнини на компании, а некои имаат и деца. Вие се обидувате да поминете некој маратон и да постигнете нешто во вашиот живот.
Во зависност од тоа кои сте, можеби немате ништо од споменатите работи. Или не ги сакате, или се надевате дека наскоро ќе ги добиете. Можеби со партнерот сте веќе 6 години заедно, а некој друг веќе стапил во брак. Тогаш ќе се запрашате зошто тие, а не и вие? Како се случуваат овие работи? Како луѓето успеваат да ги добијат?
Животниот пат на сите е различен. Социјалните медиуми се лесна алатка за комуницирање и споделување на вашиот живот. Исто така со нив е лесно да паднете во стапицата на споредувањето и да се прашувате зошто не и вие. За некои ова значи љубомора кон пријателките од факултет кои веќе имаат деца. Други се чувствуваат инфериорно кога ќе видат како нивните колеги добиваат унапредување. Тоа е сосема нормално, се случува, особено во денешното општество.
Иако поновите генерации не можат ни да се споредат со постарите, сè уште има бројни пречки и начини на кои општеството ни влијае. Понекогаш е навистина тешко да си верувате и да останете на својот пат.
Но, вистината е дека објавите што ги гледате онлајн го покажуваат само најдоброто. Не ги гледате деталите зад нив. Можеби личноста што стапува во брак не е навистина вљубена и го прави тоа бидејќи се чувствува удобно. Можеби личноста што добила унапредување работи 60 часа неделно и нема отидено на одмор со години. Личноста со нова куќа и нов автомобил можеби има огромни долгови.
Кога луѓето околу нас ги постигнуваат своите цели лесно и природно е да сакате да бидете на нивно место. Нивниот живот изгледа совршен, а вие се убедувате во тоа и го посакувате. Длабоко во себе знаете дека тоа не е она што навистина го сакате, но стравот да не испуштите нешто или чувството на инфериорност почнуваат да ве надвладуваат.
Можеби сте почнале да градите нова кариера. Тогаш е лесно да чувствувате како повторно да сте на почеток. Но, во реалноста вие сте стекнале искуство и сте доволно храбри да преземете ризик и да го живеете животот според ваши правила. Или можеби сè уште сте сингл и луѓето се обидуваат да ви најдат партнер, кога всушност вие сте навистина задоволни со вашата независност. Можеби сте се вратиле на образованието, а тоа изгледа навистина страшно кога гледате како цветаат кариерите на другите луѓе. Во реалноста ќе бидете посреќни и поисполнети на вашиот нов пат.
Доцните 20-ти се тешки. Страшни се. Ве притискаат социјалните очекувања и мислите дека треба да бидете негде каде што не ни сакате да одите. Останете искрени кон себе, правете грешки и следете го вашиот пат. Има само еден пат за вас, па фокусирајте се на себеси. Нема да биде лесно и стравот дефинитивно ќе ви биде пријател, но не грижете се, знаете што правите.
Погледнете и кои се работите за кои не треба да се грижите во 20-тите години од животот.