Нешта што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко

Нешта што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко

Татковците неретко се збунети поради сите промени кои доаѓаат со бременоста, особено после породувањето. Тогаш женското тело се враќа во нормала, а со ова доаѓаат и последици кои мажите понекогаш не можат да ги разберат. Доколку сте нов татко, сигурно ќе ви се најдат овие совети.

Нешта што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко

1. Мајките секогаш сакаат да ги фотографираат децата со татковците или со други деца. Овозможете ѝ на мајката да има фотографии со децата кои не се селфиња. Едноставно, фотографирајте ги кога ќе забележите убав момент.

2. Немојте да чекате мајката да побара помош. Променете му ја пелената на детето додека таа спие или сработете нешто друго. Исперете ја облеката или почувајте го детето додека мајката одвојува време за себе.

3. Доколку мајката излезе, а вие останете дома, немојте да велите дека сте „заглавени“ со децата. Кога станува збор за вашите деца, тоа не е чување, туку тоа значи да бидете родител. Не заслужувате посебна пофалба за грижата за сопствените деца.

4. Доколку не се снаоѓате во чувањето на децата, најдете начин да помогнете во домашните обврски.

5. Повеќето мајки се чувствуваат како да мораат да направат сè за нивните деца. Затоа, предложете и вие да ги почувате децата додека таа се одмора. Немојте да чекате да побара помош. Сигурно често ѝ е потребна, само не сака да ве праша.

6. Вие сте подеднакво важни и потребни колку и мајката. Можеби не се чувствувате така, но тоа е вистина. Па слободно направете вечера, сметете, прегрнете го бебето и нахранете го.

7. Некој период мајката може да не сака сексуален однос. Ова е сосема нормално, а проблемот не сте вие. Потребно е да бидете трпеливи и полни со разбирање.

8. Искористете го целото слободно време за семејството. Морате да бидете со нив.

9. Немојте да очекувате ручек секој ден. Понекогаш и вие можете да зготвите нешто. Понекогаш доволно е да направите и само еден сендвич.

10. Хормоните на мајката ќе бидат уште полоши после бременоста. Не можете да очекувате да се нормализираат на денот на породувањето. Затоа покажете разбирање и помогнете ѝ.

Погледнете и кои се работите што ги прави одговорниот татко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар