Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

Сите ние сме повеќе или помалку под влијание на општеството. Едноставно не можеме да се бориме против него. И покрај тоа што сакаме да веруваме дека сме слободни и автономни индивидуи, вистината е дека родителите, професорите, шефовите, политичарите и религиските фигури играат огромна улога во насоките кои ги одбираме како и во тоа како одлучуваме да го живееме нашиот живот.

Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

На помлади години, имаме потреба од водење сè додека не научиме како сами да се снаоѓаме во животот. Но, за жал во овој период можеме да научиме многу работи кои не мора да значи дека за нас ќе бидат позитивни или вистинити. Многу е важно да го преиспитуваме она што сме го научиле од општеството и она што општеството го бара од нас. Луѓето на кои секојдневно сме изложени можеби навистина ни мислат најдобро, но тоа не значи дека тие знаат што е добро за секој од нас индивидуално.

„Мора да одите на факултет“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

За некои кариери имате потреба од факултет и диплома, но за некои други таа едноставно не ви е потребна. Всушност, луѓето денес добиваат работа со помош од пријателите/роднините или пак според претходното искуство. Работодавците многу повеќе се грижат за вашите способности и за начинот на кој ја завршувате работата отколку за вашата диплома.

Точно е дека факултетот може да биде одлично и вредно искуство, но митот дека сите треба да го завршат едноставно не е вистина. Некои од најпродуктивните членови на општествата, како Бил Гејтс, Марк Цукерберг или Стив Џобс никогаш не го завршиле својот факултет. Тој можеби едноставно не е за вас. Понекогаш е подобро веднаш да се фрлите на работа и да започнете со вистинско животно искуство, отколку да поминете уште 4 години затворени во училници од кои ќе излезете со големи долгови и без никакво работно искуство.

„Мора да се венчате“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Уште едно очекување од општеството е дека со тек на време сите ние мораме да се венчаме. Бракот се смета за нормален и типичен начин на живот и индивидуите кои одбираат да не го почитуваат ова правило добиваат етикета дека нешто не е во ред со нив. Денес голем број од браковите завршуваат со развод. Луѓето чувствуваат притисок дека мора да се венчаат со партнерот, кој може да ги натера да направат непромислени одлуки поради кои подоцна ќе зажалат.

Бракот не е начин на живот кој одговара на сите карактери. Исто така за тој да биде успешен многу е важно да не се смета за уште една од оние работи кои „мора“ да ги направиме за да ги усреќиме луѓето околу нас.

„Мора да имате деца“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Исто како и бракот, од сите нас се очекува еден ден да започнеме свое семејство. За многу луѓе децата се една од најважните цели на животот, но тоа не значи дека тие се нешто кое сите подеднакво го посакуваме. Голем дел од возрасните го променуваат својот живот откако ќе имаат деца, така што тие стануваат нивниот центар околу кој сè се врти. Оваа состојба знае да биде голем извор на стрес. Понекогаш многу е тешко да се замисли како некој би го живеел својот живот доколку не е во брак и нема деца, но постојат и други опции – ако ние така одлучиме.

Ако сакате да имате деца – имајте ги. Ако не сакате, тогаш немојте. Но, бидете сигурни дека овие важни одлуки ги донесувате вие самите, и дека не сте под влијание на тоа што другите околу вас го сакаат или очекуваат.

„Мора да се помирите со кариерата која сте ја одбрале“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Многу луѓе сметаат дека ако изберат одредена кариера според факултетот, тогаш тоа треба да го работат до крајот на животот. Ова не мора да биде случајот и со вас. Во економијата која постојано се менува, многу е подобро да бидете отворени кон повеќе видови работа отколку да се ограничувате себеси на она нешто кое отсекогаш сте го знаеле.

Вистината е дека луѓето можат успешно да ја променат својата кариера ако знаат како да се прилагодат и ако се подготвени да учат нови работи. Па, ако не сте среќни со насоката во која тргнала вашата кариера, слободно обидете се со нешто ново.

„Мора слепо да ги следите сите авторитети“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Без разлика дали сме дома, на училиште или пак, на работа, општеството бара од нас слепо да ги следиме авторитетите во одредена средина. Постои една изрека која вели, „Размислувајте сами. Преиспитувајте ги авторитетите.“ Доколку почнете да ја применувате брзо ќе сфатите колку некои работи се неоправдани и нерационални.

Секако, не ви велиме да ги кршите сите можни правила на кои ќе налетате, туку дека многу е важно да не ги следите слепо авторитетите. Многу пати луѓето следат наредби бидејќи веруваат дека „правилата си се правила“, но ако сите го делат ова мислење, нема да постои никаков напредок во општеството. Присетете се на најголемите моменти во историјата и ќе сфатите дека повеќето од нив не би биле можни доколку сите без никакво прашање ги следеле авторитетите.

„Мора да припаѓате на стереотипите“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Ние премногу учиме за нашата култура преку филмовите, музиката, телевизијата, книгите, видеоигрите како и преку некои други форми на забава. На овој начин индиректно сме приморани да ги прифатиме стереотипите за луѓе од различни раси, полови, религии, професии и начини на живот. Тие толку длабоко се „всадуваат“ во нашиот ум што понекогаш целосно им подлегнуваме. Поради тоа погрешно веруваме дека ни е потребно да имаме одредено хоби, да носиме одредена облека или да работиме некоја работа која се поврзува со нашата раса или пол и поради тоа се заглавуваме во „кутија“ од која подоцна нема да можеме да излеземе.

Но, вистината е дека ние сите сме индивидуи со свои уникатни разлики и затоа би требало да се обидеме колку што можеме повеќе да ги избегнуваме овие стереотипи и едноставно да бидеме онакви какви што сме.

„Мора да поседувате многу работи за да бидете среќни“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Нашето општество знае да биде многу материјалистичко. Многу луѓе веруваат дека за да бидат среќни мора да поседуваат многу скапи работи како огромен телевизор, убава куќа, Ајфон или нова кола. Но, истражувања во областа на психологијата многу јасно покажале дека среќата не може да се купи со пари. Оние кои се екстремно богати можат да страдаат од депресија и анксиозност како и сите останати.

Постојат и други вредности во светот освен материјалното богатство, како самодовербата и врските со другите луѓе. Поради тоа луѓето кои се фокусираат на работите кои ги поседуваат многу потешко ќе успеат да најдат вистинска среќа, без разлика на тоа што општеството ги учи.

„Мора да бидете религиозни за да бидете добра личност“

8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)

Едно верување кое го делат голем број од луѓето во нашето општество е дека мора да бидете верници за да бидете добра личност. Со други зборови, ако не одите во црква, храм или синагога, или не сте дел од други големи религиски здруженија, тогаш сигурно немате вредности ни морал кои ги почитувате во вашиот живот. И покрај тоа што многу луѓе преку религијата учат како добро да се однесуваат, тоа не значи дека тие навистина се добри личности.

Многу неверници ги поседуваат истите вредности како верниците: добрина, сочувствување и алтруизам. Тие само не чувствуваат потреба да следат одредена религија или пак да веруваат во Господ за да ги применуваат овие вредности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар