Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

Најголемиот број добри работи, кои ја сочинуваат добрата врска, се однесуваат на тоа партнерите да бидат свесни и присутни, да обрнуваат внимание, да забележуваат, разбираат, сочувствуваат и да настојуваат да изразат благодарност, како и да се наградат меѓусебно за вниманието што го добиваат. Тоа значи дека навистина работат на тоа да не земаат сè здраво за готово, односно да сфатат кога се случува тоа и да ги обноват вниманието и присутноста.

1-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_

Тоа се прости и секојдневни работи… Како она кога тој ќе подготви храна за викендот, а вие ќе го изненадите со тоа што ќе направите голем ручек со неговите омилени јадења преку недела, а на крај ќе ги измиете садовите, бидејќи тој има тешка работна недела. Или пак, кога тој ќе го направи истото за вас.

Исто така, тоа е искажување благодарност за обичните работи кои партнерот ги презема за да ви го олесни секојдневието, а за кои немало потреба да го потсетувате, да го барате тоа од него, па ниту да го замолите. Едноставно, се сетил. Да ја исчисти бањата, да го среди гардероберот, да испланира јадење и да оди во маркет…

Обичните работи, секојдневните услуги и возвраќањето на нив, прават заедничкиот живот да тече без оптоварување дека морате да правите сè сами или дека ако не направите нешто, тоа ќе остане ненаправено додека не пронајдете време и сила за тоа.

Поради тие работи многу жени се преоптоварени со домашните работи и со организирање на нештата, и покрај останатото што го работат, а многу мажи не сфаќаат дека тоа не треба да биде така и дека можат на својата поубава половина да ѝ го олеснат животот и да добијат додатно внимание и благодарност.

На овој начин и двајцата се во добивка – жената не е жртва на патријархално воспитување, а мажот е вклучен, одговорен и повеќе ценет.

Покрај секојдневните работи, добрите парови одлично ги прават и работите кои се однесуваат на логистиката и славењето на постигнатиот успех.

2-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_

Успешно завршен проект, унапредување на работното место, склучување договор на кој долго се работело, ново работно место – тие не пропуштаат заеднички да ги прослават постигнатите успеси. И тоа не мора да биде начин на кој вообичаено се прославува.

Може да го промовирате делото на вашиот партнер на интернет, да покажете колку сте горди на неговиот успех. Може да го однесете на вечера, да му закажете спа-третман или да му купите симболичен подарок.

Многу парови паѓаат на испитот за преземање на вкупната одговорност, кога еден од нив е исфрлен од седлото – кога е болен, тажен или на долго службено патување. Во ред е да чувствувате страв од себична причина – како ќе правите сè сами – но единствено нешто што треба да направите е да бидете свесни како се чувствувате и зошто се чувствувате така и тоа да го надминете со несебичната грижа за партнерот и за сè останато.

Успешното партнерство пред сè е несебично пријателство!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар