Нервоза, тага, несоница: Како топлото време влијае на физичкото и психичкото здравје?
Летниот период кај многу луѓе предизвикува бурни емоции и нервоза, што докажува дека топлината поттикнува агресија, стануваме поспани, поуморни и тешко се концентрираме. Ваквиот топол период кој трае долго, кај луѓето предизвикува да се чувствуваат зашеметено. Топлината ги проширува крвните садови, го намалува притисокот, па затоа повеќето луѓе се чувствуваат тромаво.
Кај здравите луѓе, топлината може да предизвика и психички проблеми, односно да се зголеми нервозата и чувството на постојан притисок. Во топлите денови, исто така, толеранцијата е намалена и расположението се менува драстично.
Топлината, како што објаснуваат лекарите, влијае на интелектот, емоциите и однесувањето, а реакциите се различни и индивидуални. Повеќето луѓе обично покажуваат зголемена нервоза, намалена толеранција за фрустрација, односно преосетливост на надворешните влијанија на кои брзо реагираме и сме раздразливи.
Д-р Невенка Димитриевиќ од Здравствениот дом Воздовац, вели дека високите температури предизвикуваат несоница, намалена волја, замор, исцрпеност, како и намалена мотивација за работа.
„И младите и постарите овие денови најмногу се жалат на несоница предизвикана од високите температури. Не станува збор за заболување, туку тоа се само реакции и здравствени симптоми кои ќе исчезнат кога температурите ќе се нормализираат. А кога станува збор за интелектот, топлото време влијае на концентрацијата и се намалува вниманието. Доколку постои можност, треба да се намалат работните обврски, како и физичкиот и психичкиот замор“, вели д-р Димитриевиќ.
Иако докторите и метеоролозите најмногу се занимаваат со проучување на временските непогоди, кога ќе погледнеме во средновековните закони, ќе откриеме дека топлиот летен ветер често го сметале за причина кај личностите кои се обвинети за тешки кривични дела, а јужниот ветер во приморските градови дури се сметал и за причина во случаите на извршено убиство.
Прочитајте ги и овие факти и митови за здравјето во летниот период.