Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

Дали припаѓате на оние жени кои водат многу грижа за својата хигиена на интимното подрачје, но сепак чувствувате непријатен мирис? Постојат неколку причини за тоа, но и неколку начини да се изборите со овој проблем. Прво и основно, треба да ја откриете причината за да може да го третирате проблемот.

neprijaten-miris-na-vaginata-od-shto-se-pojavuva-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mk

Појавата е многу непријатна, а може да биде последица на лоша хигиена, влошки и носење несоодветна облека, но сепак треба да знаете кога е време да се обратите кај вашиот гинеколог.

„За жал, не постојат доволно студии и истражувања кои се занимаваат со проблемот на вагиналниот мирис, ниту е точно објаснето кoј мирис е нормален, а кој не е“, вели Рахив Гала, професор на отсекот за гинекологија на медицинскиот факултет во Њу Орлеанс.

Сепак, треба да знаете дека доколку забележите премногу јак мирис, големи се шансите проблемот да лежи во некоја инфекција. Исто така, некои инфекции манифестираат непријатен вагинален мирис, а други не.

Бактериската вагиноза – претеран развој на бактерии во вагината, предизвикува јак мирис, кој потсеќа на мирисот на риба. Истиот мирис го произведува и трихомонијазата, полово пренослива болест, која го предизвикува паразитот Трихомонас вагиналис. Но, кај третина од жените кои имаат вагинален мирис, сепак се работи за некој друг причинител.

„Хроничен запек, претерано потење, лоша хигиена и урина на долната облека може да бидат причина за непријатен мирис“, објаснува Гала и додава дека носењето тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на вагината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите остануваат заробени на кожата.

Причината може да биде и преголема телесна тежина. Доколку постои вишок кожа, се создаваат набори и на тие места потта останува заробена и предизвикува непријатна миризба.

Вагиналниот мирис може да се менува во текот на менструалниот циклус. Исто така, се случува кај жените додека вежбаат да им се излачува малку урина, па со носење влошка во тие ситуации може да се предизвика лоша миризба.

Доколку сте загрижени за вашата вагинална миризба, треба да посетите гинеколог кој ќе ја открие причината преку низа рутински тестови и ќе увиди дали проблемот може да се реши без терапија. Од друга страна, доколку причината е инфекција, ќе добиете соодветен антибиотик или некој друг третман за отстранување на непријатниот мирис.

„Она што можете да го направите за да го спречите овој непосакуван мирис е да носите памучна долна облека, како и редовно да ја менувате, и да практикувате облека која не е претесна“, советува Гала. Слабеењето исто така ќе помогне доколку проблемот е во вишокот кожа околу вагиналниот регион.

Можеби ќе паднете во искушение да купите некој производ кој ќе ја маскира непријатната миризба, но Рахив Гала советува тоа да не го правите бидејќи таквите препарати немаат никакви здравствени бенефити, туку само нудат моментално решавање на проблемот и чувство на олеснување. Спротивно на тоа, постојат сомнежи дека тие го зголемуваат ризикот од развој на бактериска вагиноза, габични инфекции и запаление на карлицата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар