Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

Сите знаете дека треба да ги избегнувате газираните пијалаци, кои не само што се нездрави, туку и се полни со шеќер, а знаеме како тоа лошо влијае на килограмите. Проблемот кај пијалаците лежи во тоа што не сме свесни за нивната количина на калории. Некако течноста секогаш изгледа помалку опасно од големиот хамбургер и порција помфрит. Газираните пијалаци треба да ги избегнувате или да ги пиете само во некои посебни прилики, а кога станува збор за алкохолните пијалаци докажано е дека негативно влијаат врз нашата линија. Но, ќе се изненадите дека и некои други пијалаци кои со задоволство ги консумираме се сѐ само не здрави. Секако, никој не вели дека треба целосно да ги избегнувате, но добро е да бидете свесни што сѐ внесувате во вашето тело преку таа една чаша.

1-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

1. Посебни видови кафе

Во последните години кафето нуди многу повеќе опции од добро познатите со топло или ладно млеко, а за тоа можеме да им се заблагодариме на големите кафетерии како Старбакс чии менија често изгледаат неверојатно. Поголемиот дел од нивните рецепти се високо калорични кафиња кои со сигурност ќе ви донесат несакани вишок килограми. Но, не нудат само тие калорично кафе. На пример, леденото кафе кое можете да го купите на полиците во супермаркетите, може да содржи над 24 грама шеќер по порција, а разновидни фрапучина дури и до 500 калории по шолја. Вратете се на почетоците и избирајте класично црно кафе кое нема да го загрози вашето дневно внесување на калории, особено ако во него не ставате шеќер и млеко.

2-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

2. Овошни сокови

Без разлика дали пиете свежо исцеден сок или оној од тетрапак, овошните сокови не се најдобриот сојузник на вашата диета. Верувале или не, често одредени куповни сокови содржат повеќе калории отколку вашиот омилен газиран пијалак. Но, ова не значи дека треба да престанете да консумирате овошје, бидејќи тоа е неопходно за вашето здравје. Секогаш избирајте свежо цеден сок, а во него никогаш немојте да додавате дополнителен шеќер и задржете се на една чаша.

3-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

3. Млеко

Факт – млекото во кафето и утринските овесна каша или житарици никого нема да здебелат. Но, млекото како пијалак ќе го направи тоа. Всушност, на млекото треба да гледате како прехранбена намирница, а не како на пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви ја изгаси жедта. На пример, една чаша млеко од 200 милилитри содржи 130 калории (ако е во прашање млеко со 3,5% млечна маст) или 97 калории (млеко со 1,5% млечна маст) и 10 грама шеќер.

4-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

4. Леден чај

Сте го замениле омилениот овошен сок со леден чај бидејќи, како што велат производителите, содржи малку калории? Немојте да верувате на сите тие реклами и да паднете на куповните варијанти на овој освежителен пијалак. Во поголем дел од случаите ледениот чај е вистинска калориска бомба. Направете си сами свој освежувачки леден чај, без страв за тоа колку шеќер содржи во себе.

5-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

5. Готово смуди

Смудито е совршен избор за појадок или ужина која толку добро се вклопува со брзиот начин на живот. Често заради таа брзина воопшто не стигате да приготвите домашно смуди туку се одлучувате да купите од најблиската продавница. Но, бидете внимателни, тие се збогатени со засладувачи што ја зголемува количината на калории во едно шише. Секако преферирајте сами да си приготвувате смуди, но ако сте во брзање, изберете ги оние кои се приготвуваат во специјализирани смуди барови.

6-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_

Пијалаците може да ви помогнат да се ослободите од непотребните килограми, па погледнете кои пијалаци ќе ви помогнат да се збогувате со непосакуваната тежина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар