Неопходно е да се ставите себеси на прво место во овие ситуации!

Неопходно е да се ставите себеси на прво место во овие ситуации!

Никогаш не треба да го жртвувате вашето ментално здравје за другите. Освен тоа, имајте на ум дека ако тие навистина се грижат за вас, би ве поттикнале да направите сè што можете за да се чувствувате подобро.

Неопходно е да се ставите себеси на прво место во овие ситуации!

Не се чувствувајте виновни ако престанете да се дружите со токсични луѓе

Дури и ако ги сакате, дури и ако сте поминале прекрасни моменти заедно, мора да го правите она што е правилно за вас во моментот. Запомнете дека иако раскинувате, вие не сте причината зошто тоа мораше да се случи. Мора да го направите она што е најдобро за вас. Мора да се ставите себеси на прво место.

Не се чувствувајте виновни ако ги изневерите другите и нивните очекувања

Не треба да ја бирате кариерата, пријателите и сè останато врз основа на желбите на родителите или партнерот. Треба да одлучите што ве прави најсреќни. Нема смисла да ги правите другите среќни ако тоа значи дека самите ќе се чувствувате лошо. Кога станува збор за вашиот живот, вашите емоции се најважни.

Не се чувствувајте виновни ако предизвикате конфликт

Ако некој ве нервира, не мора да се преправате дека сè е во ред за да го задржите мирот. Не мора да бидете љубезни ако некој ве третира со презир и не ве почитува. Дозволено е да ги предупредите луѓето кога ќе ја преминат вашата граница.

Не се чувствувајте виновни ако кажете НЕ кога сте зафатени

Не можете секогаш да им помагате на секој што ќе побара помош. Не смеете да се исцрпувате за да ги задоволите другите. Понекогаш треба да го правите она што е најлогично за вас, наместо да се обидувате да ги усреќите сите други.

Мора да се грижите за себе

Може да бидете малку себични, но тоа не значи дека не размислувате за потребите на другите. Ова не значи дека можете да кажувате и правите што сакате без никаква почит кон луѓето околу вас. Но, ова не значи и дека треба да им дозволите на другите да носат одлуки наместо вас.

Откако прочитавте во кои ситуации е неопходно да се ставите себеси на прво место, можеби ќе сакате да прочитате и зошто заслужувате да се ставите на прво место.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар