Неодоливо вкусен: Колач со чоколадо и карамел
Денес ви споделуваме колач со чоколадо и карамел за кој ви ветуваме дека ќе му се допадне на целото семејство!
Потребни состојки:
За тесто:
- 250 грама брашно
- 75 грама шеќер во прав
- 175 грама путер, омекнат
За карамел:
- 100 грама путер или маргарин
- 100 грама шеќер
- 397 грама кондензирано млеко
За глазура:
- 200 грама чоколадо
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја фурната на 180 степени целзиусови. За тестото, во сад измешајте 250 грама обично брашно и 75 грама шеќер во прав. Додадете 75 грама омекнат путер и месете ја смесата додека не добиете тесто, а потоа притиснете ја на дното на подготвениот калап.
2. Печете 20-25 минути, а откако тестото ќе биде испечено оставете да се излади.
3. За да ја направите карамелата, во тенџере ставете 100 грама путер или маргарин, 100 грама шеќер и кондензирано млеко и загрејте ја смесата додека не се растопи шеќерот. Мешајте постојано за да не се залепи шеќерот на дното на садот. Зголемете ја топлината на средно-висока, постојано мешајќи сè додека не почне да врие, а потоа намалете ја топлината на минимум, мешајќи постојано, околу 5-10 минути или подолго, додека смесата не се згусне малку. Прелијте го тестото и оставете да се излади.
4. За глазурата, на пареа растопете 200 грама чоколадо искршено на коцки. Прелијте го чоколадото врз слојот со карамела и оставете го колачот во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за мек и сочен колач со јаболка и чоколадо.
Извор: punkufer.dnevnik.hr