Претходно
Неодолив шведски десерт што мора да го пробате
Се служи во периодот помеѓу Божиќ и Велигден и е препознатлив за сите нордиски земји. Можеби веќе ја знаете, а можеби првпат слушате за „семла“ – колачи што се служат во Шведска и во Данска во моментов, со шолја чај или кафе.
Семлата се прави од тесто, за кое кардамонот е клучен. Може да се направи на повеќе начини, но едно е сигурно: се полни со слатка павлака и крем од ванила, може да ја наполните и со крем од марципан, а може да додадете и бадеми. Постојат голем број рецепти на Интернет, а еден од нив можете да погледнете во видеото подолу.
Погледнете го овој рецепт за „лажна“ карамела без шеќер.