Претходно
Неодолив рецепт: Чоколадни коцкички со путер од кикиритки
Едноставноста на овој рецепт ќе ги воодушеви сите љубители на благото
Потребни состојки:
- 150 грама путер
- 350 грама шеќер
- 200 грама путер од кикиритки
- 150 грама интегрални бисквити
- 100 грама чоколадо
Начин на подготовка:
Растопете 100 грама од путерот на тивок оган, и потоа тргнете го ринглата и додајте му го шеќерот. Измешајте, па додајте го путерот од кикиритки заедно со однапред смелените бисквити и мешајте додека не добиете кремава смеса.
Остатокот од путерот исто така растопете го на тивок оган, но во него додајте го чоколадото. Почекајте и тоа да се растопи и соедини со путерот, па тргнете го од оган и прелијте го околу основата од путерот со кикирики.
Ставете ја смесата во фрижидер и оставете ја отстои околу половина час, па исечкајте ја на мали коцкички. Добар апетит!