Претходно
Неодолив милкшејк од јагоди
Покрај тоа што јагодите се одлични за човековото здравје, овој неодолив милкшејк ќе ви донесе уживање и освежување во пеколните денови кои претстојат…Потребни состојки:
- 250 мл јогурт
- 250 мл млеко
- 500 г јагоди
- 1 лимон
Начин на подготовка:
Во блендер или со миксер измешајте ги млекото и јогуртот. Измијте ги убаво јагодите и додадете ги во садот за матење. Измиксајте добро и смесата сипете ја во високи стаклени чаши. Во секоја од чашите исцедете по малку лимон. Декорирајте со чадорче и две цели јагоди на врвот. Можете, по избор, да додадете и малку чоколаден прелив.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.