Претходно
Неодолив чоколаден колач во шолја
Совршена награда која треба да си ја дадете себеси после тежок испит, исцрпувачки ден на работа или тешка кавга со партнерот. Ова е колач во кој се ужива сам.
Потребни состојки:
- 2 лажици какао
- 3 лажици брашно
- ¼ лажичка сол
- 2 лажици шеќер
- 3 лажици млеко
- ¼ лажица прашок за пециво
- 3 лажици кокосово или растително масло
- ½ кесичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Добро измешајте ги сите суви состојки.
- Додајте ги течните и повторно добро измешајте.
- Префрлете сè во мал огноотпорен сад или шолја која може да се загрева на висока температура.
- Ставете го садот во микробранова печка на 60 секунди на висока температура или печете во рерна 10 минути на 175 степени.
- По желба украсете со шлаг, овошје или чоколаден прелив.
- Послужете си го сами на себе и уживајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.