(Не)очекувано: Погледнете која фризура е најпребарувана на Гугл во текот на 2016-та година
Во годината која полека си заминува, започнува да се сумира сето она што сме го правеле, сакале и пребарувале во неа. На тој начин и дознавме кои се најпребаруваните бнјути прашања на Гугл, а победата ја однесе една фризура!
Ако можеме да судиме по резултатите кои за крајот на 2016-та година ги понуди Гугл, тогаш жените во годината со која уште малку ќе се опростиме, кога станува збор за бјути трендовите, најмногу ги интересирале прашањата во врска со косата.
Односно, најпопуларниот Интернет пребарувач состави листа од 10-те најпребарувани прашања за убавина во 2016-та година, а прашањата поврзани со косата ги заземаа првите две места. На првото место се најде една нежна и романтична фризура, а тоа е плетенката во форма на рибја коска!
Во продолжение прочитајте ги и останатите 10 бјути прашања кои се најпребарувани на Гугл во 2016-та година:
1. Како да направам плетенка во форма на рибја коса?
2. Како косата да ми расте побрзо?
3. Како да ги обликувам веѓите?
4. Како да направам локни?
5. Како да го отстранам гелот од ноктите?
6. Како да ги чистам четките за шминкање?
7. Како да нанесам коректор?
8. Како да се ослободам од подочниците?
9. Како да ги пополнам веѓите?
10. Што е бајлаж?