Необично предупредување од докторите до сите жени: Не ставајте паста за заби во вагината!

Необично предупредување од докторите до сите жени: Не ставајте паста за заби во вагината!

Гинекологот д-р Ванеса Мекеј неодамна го нападна новиот тренд поради кој жените ставаат паста за заби во вагината со цел таа да стане потесна. Пастата нанесена во внатрешноста на вагината не само што е непријатна туку може да ја уништи природната флора на вагината и да доведе до бактериски инфекции или појава на кандида.

И докторот Олуволе Јусуф издал слично предупредување за жените.

„Пастата за забите е многу силна и абразивна за толку нежен дел од телото и целосно ќе го уништи природниот одбранбен механизам на тој орган, отворајќи можности за секакви видови инфекции“, вели д-р Јусуф. „Кога вагината веќе не може сама да се брани, телото станува склоно на инфекции кои подоцна можат да им наштедат на јајниците и да ги намалат шансите за жената да остане бремена.“

Но, жените не се единствените што ги применуваат овие луди Интернет идеи. Многу од мажите ширум светот исто така користат паста за заби за чудни намени. Тие ја мачкале на својот пенис затоа што сметале дека тоа ќе им помогне при ерекција. Постојат низа видеа на Јутјуб што ги советуваат мажите да ја масираат главата на својот пенис за се заштитат од предвремена ејакулација и еректилна дисфункција.

Наместо тоа, тие можат да завршат со благи изгореници, пликови и лузни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар