Необичните широки ракави се новиот шармантен тренд
Широките пуфкасти ракави ги гледаме сè почесто кај модните блогерки, а тоа е знак дека наближуваат поубавите пролетни денови. Веќе неколку сезони, романтичните блузи со широки ракави се неизоставен дел од гардероберот на секоја модерна девојка. Истото важи и оваа сезона, но овој пат тие се водечки тренд во уличната мода.
Оваа сезона се појавуваат сè повеќе блузи, фустани, па дури и џемпери украсени со преголеми ракави, кои ја прават и најобичната комбинација впечатлива. Овие винтиџ парчиња облека особено им се допаѓаат на жените со елегантен и романтичен стил.
Кога станува збор за пуфкастите ракави, во зависност од тоа какво парче ќе одберете, можете да постигнете одличен секојдневен, но и вечерен и екстравагантен изглед.
Погледнете ги и 4-те комбинации на бои кои секогаш изгледаат беспрекорно.