Необични медицински трикови за справување со секојдневни непријатности
За повеќето болести неопходна е консултација со доктор, но овие медицински трикови, можете да ги примените и сами, на своја рака.
Отстранување брадавица со селотејп
Уште во 2002 година, група доктори го споредувале ефектот од лепливата трака и течниот азот врз брадавиците. По 2 месеци носење леплива трака секој ден, 85% од пациентите ги изгубиле сите брадавици, додека процесот на „смрзнување“ резултирал со отклонување на брадавиците кај нешто повеќе од половина луѓе.
Овесната каша го смирува осипот
Ова е така бидејќи овесот има антивоспалителни својства. Без разлика дали ќе ја нанесете на кожата или ќе ја измешате со купката, овесната каша дефинитивно помага, намалувајќи го нивното на хистамин во крвта.
Јогурт против непријатен здив
Лошиот здив доаѓа или од устата или од стомакот, а јогуртот ги санира двата проблеми бидејќи содржи добри бактерии. Сепак, јогуртот не е осамен во оваа улога. Секој млечен производ горе-долу ја има истата предност.
Лажичка шеќер против икање
Една студија која потекнува уште од 1971 година потврдила дека шеќерот навистина го спречува икањето. Шеќерот во устата веројатно ги менува нервните завршетоци и ги згрчува, па тие прекинуваат со контракциите кои ги препознаваме како икање.
За да се ослободите од главоболката загризајте пенкало
Иако докторите и понатаму не знаат зошто го правиме тоа, стискањето на забите дефинитивно е последица на стрес. Па така, кога ги стискаме забите можеме да си предизвикаме главоболка и тензија, која повторно можеме да ја анулираме ставајќи тврд предмет меѓу забите, на пример пенкало.
Маслинки против мачнина за време на возење
Еден од бројните симптоми на мачнината при движење е и претераното лачење плунка со што телото ги штити забите од киселини кои се создаваат при повраќање. Меѓутоа, ако во уста ставите маслинки, кои го оневозможуваат засиленото лачење плунка, можете истовремено да ја спречите мачнината.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
True story bro!