Необичен тренд во маникирањето – тетовирање кутикули
Уметноста на лакирањето нокти е голем тренд на денешницата, а тоа го потврдува и Гугл, на кој терминот „nail art“ се пребарува по 2,5 милиони пати месечно. Нов тренд во маникирањето е тетовирањето кутикули, кое дава интересен ефект. Доколку имате боја на лак која ја обожавате и сакате сите да го забележат тоа, со овие тетоважи дефинитивно ќе го привлечете вниманието кон вашите нокти.Идејата е на популарната онлајн-продавница за налепници за нокти Red Nails, која веќе склучила договор со актерката Зои Дешанел. Всушност станува збор за привремени тетоважи кои се достапни во 4 различни облици, по 20 парчиња во едно пакување за секој нокт, а чинат 6 долари. Тетоважите многу лесно се нанесуваат. Треба само добро да се позиционираат на кутикулите, потоа да ги потопите прстите во вода, малку да притиснете на хартијата и тоа е тоа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.