Немојте да велите дека не постојат добри мажи само затоа што сте имале лоши искуства во љубовта

Немојте да велите дека не постојат добри мажи само затоа што сте имале лоши искуства во љубовта

Во денешно време, жените се многу скептични. Тие не веруваат дека еден ден ќе најдат маж кој вистински ќе ги сака такви какви што се. Но, само затоа што не сте нашле добар партнер, тоа не значи дека тој не постои. Само затоа што вашето срце било скршено од страна на маж кој сте мислеле дека е добар, но испаднало поинаку, не значи дека не постојат добри мажи. Немојте да велите дека „сите мажи се исти“ само затоа што досега сте налетувале на идиоти.

Немојте да велите дека не постојат добри мажи само затоа што сте имале лоши искуства во љубовта

Треба да знаете дека љубовта што ја одбирате е одраз на тоа кои сте вие, а не кој е тој. Секогаш кога ќе решите да љубите, го изложувате вашето срце на ризик. Срцето може да ви биде скршено и од страна на добар маж. Таквите нешта се случуваат без разлика дали ни се допаѓа тоа или не.

Сте виделе маж кој ѝ ги носи торбите на жена му и ѝ ја придржува вратата? Сте виделе дечко кој ја изненадува девојка му со нејзиниот омилен десерт без никаква причина? Сигурно можете да наброите уште многу вакви примери. Тука не станува збор за грандиозни гестови, туку за ситници на кои сите ние сме биле сведоци. Само затоа што вие не сте доживеале вистинска љубов, не значи дека таа не постои.

Вистинската љубов постои исто како што постојат и добрите мажи. Можеби ви е тешко да поверувате во ова, особено ако сте заглавиле во врска која не ве исполнува и со маж кој се обидува да ве контролира. Можеби сте имале искуство со партнер кој сакал да знае каде сте во секоја можна секунда, кој никогаш не ви верувал, не ви дозволувал да излегувате со пријателките и не ви дозволувал да си го живеете животот како што сакате.

По таква љубовна врска, разбирливо е тоа што ви е тешко да поверувате дека таму некаде постои некој кој ќе ве сака на вистинскиот начин. Мора да престанете да ја префрлувате вината на вашиот партнер и да признаете дека самите сте виновни за тоа што прифаќате љубов каква што мислите дека заслужувате. Страшно е да се излезе од зоната на удобност, бидејќи не сте сигурни дали сте подготвени да бидете сами.

Немојте да велите дека не постојат добри мажи само затоа што сте имале лоши искуства во љубовта

Верувајте дека излегувањето од токсичната врска во која не добивате вистинска љубов е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Љубовта која се заснова на манипулација не е вистинска љубов. Доколку моментално не сте во врска со добар маж, тоа не значи дека тој не постои.

Добрите мажи навистина постојат. Тоа се оние момци кои сакаат да се пофалат со вас пред нивните пријатели, кои без проблем ги објавуваат вашите заеднички фотографии на социјалните мрежи, кои сакаат да го дознаат секој ваш недостаток и ве љубат поради она што сте, бидејќи вие сте совршената жена за нив.

Вистинската љубов нема да пробува да ве смени, да ве омаловажи или да манипулира со вас. Вистинската љубов се гордее со вас и сака да ве покажува пред целиот свет. Таквата љубов навистина постои исто како што постојат и добрите мажи.

Време е да престанете да се задоволувате со просечна љубов од просечни мажи. Нема ништо страшно во тоа да останете сингл некој период и да ја почекате вистинската љубов. Добрите мажи постојат, но за да ги запознаете треба да престанете да губите време на погрешни луѓе и да прифаќате помалку од она што навистина го заслужувате.

Доколку не сте сигурни во вашите и во чувствата на вашиот партнер, прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар