Немојте да го прескокнувате најважниот оброк во денот: Идеи за брз и здрав појадок

Немојте да го прескокнувате најважниот оброк во денот: Идеи за брз и здрав појадок

Сите ние сакаме наутро да останеме што е можно подолго во кревет, но тоа честопати нè тера забрзано да го почнеме денот и не ни остава доволно време за уживање во појадокот. Ако сакате целиот ден да ви биде подобар, тогаш обидувајте се секогаш да го започнувате сити. Веруваме дека постојано сте во брзање и дека ретко кога имате време да размислувате за вистински оброк во текот на денот. Но, појадокот е навистина најважен. Ви даваме неколку совети како брзо да подготвите здрави и едноставни оброци, за што поквалитетен почеток на денот.

1-nemojte-da-go-preskoknuvate-najvazhniot-obrok-vo-denot-idei-za-brz-i-zdrav-pojadok-www,kafepauza.mk_

1. Омилена храна, секогаш и за секого

Доволно е само едно јајце секое утро за организмот да се наполни со сила. И нутриционистите се сложуваат дека јајцата се едни од најкорисните прехранбени производи. Може да се подготват на безброј начини, а наједноставниот е 3-минутното варење. Ако сакате да подготвите совршено меки варени јајца, потребно е пред варењето да направите мало дупче на лушпата од јајцето. Вишокот воздух ќе излезе надвор, а тоа ќе го спречи пукањето. Уште помалку време ќе изгубите доколку добро се организирате. Ставете ги јајцата да се варат, а додека одбројувате 3 минути, набрзина подгответе и вкусна сезонска салата и вашиот појадок полн со здрави состојки е готов.

2. Елементарни состојки – темел на секоја добра исхрана

Денот може да започне и со житарки. Најважно е да ги изберете оние кои содржат влакна и протеини, бидејќи така подолго време ќе останете сити. Една од најздравите житарки е зобот. Зобната каша (од зобни снегулки) можете да ја приготвите со топло млеко или јогурт. Ако не ви се допаѓа вкусот во целост, слободно додајте коцки темно чоколадо. Вашиот брзо подготвен појадок ќе биде уште поздрав, бидејќи темното чоколадо го подобрува протокот на крв и го намалува нивото на холестерол.

3-nemojte-da-go-preskoknuvate-najvazhniot-obrok-vo-denot-idei-za-brz-i-zdrav-pojadok-www,kafepauza.mk_

Ако немате снегулки, во јогуртот или во млекото додајте надробени интегрални бисквити. Секако, појадокот никогаш не би требало да го прескокнувате, а доколку сте во голема гужва и сте излегле од дома без да појадувате, во чантата ставете здрави бисквити од житарки од цело зрно.

3. Банани – здраво и креативно надополнување на појадокот

Жолтото овошје е најдобриот извор на отпорен скроб. Тоа се здрави јаглехидрати што долго време го задржуваат чувството на ситост. За идеален едноставен појадок подгответе фрапе од банани. Доволно е да ги излупите и да ги ставите во миксер заедно со млеко и шеќер, а потоа фрапето накратко да го ставите во фрижидер. Бананите содржат и калиум кој помага во намалувањето на крвниот притисок, а особено им помага на личностите кои патат од хипертензија. Бананите можете да ги додадете и во житните снегулки, кои на тој начин ќе ги збогатите и креативно ќе го надополните здравиот оброк.

4-nemojte-da-go-preskoknuvate-najvazhniot-obrok-vo-denot-idei-za-brz-i-zdrav-pojadok-www,kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар