Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.

Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

1. Умор и слабост

Доколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.

2. Главоболка и кашлица

Главоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.

3. Раздразнетост и нервоза

Раздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар