Нема ништо лошо во тоа доколку се гледате со погрешниот човек за вас во моментот

Нема ништо лошо во тоа доколку се гледате со погрешниот човек за вас во моментот

Нормално е тоа што сакате да го пронајдете вистинскиот и да бидете со него. Сите го посакуваат истото. Меѓутоа и врската со погрешниот човек има свои предности. Секако дека овој период не би требало да трае предолго, но прочитајте ги следниве 3 причини зошто нема ништо лошо во тоа да се гледате со погрешниот човек за вас…

Нема ништо погрешно во тоа доколку се гледате со погрешниот човек за вас во моментот

1. Не сте со вистинскиот моментално

Ова е очигледно. Меѓутоа, не е секогаш лесно да се примени знаењето во пракса. Универзумот дејствува во моментот и ви помага само тогаш кога вие ќе преземете нешто. Првата причина зошто треба да бидете со погрешниот е тоа што ви треба вежбање. Полесно е да вежбате да бидете свои и да ги поправате вашите грешки во љубовта со некој кој не е совршен, отколку да чекате да се појави некој кој е идеален за вас.

2. Секогаш се гледаме со погрешните луѓе додека не ја научиме лекцијата

Не ја потценувајте моќта на врската со погрешниот човек. Секоја личност што ќе се појави во нашиот живот може да нѐ научи нешто. Секое скршено срце претставува основа за да се изгради нова, поголема љубов. Секој што ќе ни се придружи на животното патешествие, макар и за пократок период, е подарок што треба да го цениме.

3. Погрешниот човек може да се претвори во вистинскиот

Човечки е да се пребира и да се забележуваат туѓите недостатоци. На тој начин се чувствуваме сигурни и ја одбегнуваме можноста да покажеме ранливост. Иронијата во врската со погрешниот човек е што понекогаш тој се претвора во вистинскиот со текот на времето. Вистинскиот партнер треба да поседува еден клучен елемент: Карактер.

Потребно е време за да се прифати нечиј карактер. Тоа значи дека за ниту еден човек што ќе го сретнете не постои гаранција дека ќе биде вистинскиот. Немојте да го барате вистинскиот партнер. Она што треба да го барате во моментов е разговори што немаат крај и човек кој се држи до зборот и плановите што ги направил со вас. Другото ќе си дојде само по себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар