Неколку знаци кои откриваат дека вашиот партнер е убиецот на вашите соништа

Неколку знаци кои откриваат дека вашиот партнер е убиецот на вашите соништа

Сигурно сте го доживеале следново барем еднаш во вашиот живот: Вие сте возбудени за нешто и ѝ го кажувате тоа на личност која верувате дека ќе ви биде поддршка и со која би сакала да се радувате заедно. Но, уште не сте се доискажале, а веќе сфаќате дека оваа личност и не е толку одушевена колку што сте мислеле дека ќе биде. Уште повеќе, ви изгледа и како тој или таа да се обидува да го претвори вашиот восхит во огорченост.

Неколку знаци кои откриваат дека вашиот партнер е убиецот на вашите соништа

Оваа негативна личност е „убиец“ на вашите соништа и големи се шансите дека тој или таа се причината зошто не го живеете вашиот живот онака како што навистина би сакале. Всушност, поради оваа личност вие можеби и пропуштате да го живеете сонот. Па, како да откриете дека сте во врска со убиец на соништа?

Тој или таа го храни вашиот сомнеж

Секој од нас се бори со еден мал глас во својата глава кој ни говори дека нашите соништа се неостварливи. Сигурно секојдневно се соочувате со овој глас и се борите со него како би ги направиле оние нешта кои навистина ги сакате во вашиот живот. Доколку покрај вас има личност која го зголемува овој критички внатрешен глас и ве уверува дека тој ви ја говори вистината, тогаш без сомнение тој или таа ве кочи при остварувањето на вашите соништа.

Тој или таа ги потврдува вашите стравови

Исто како и со сомнежите, така секој од нас се бори и со некаков страв. Тој, во поголемиот дел од ситуациите, е главната причина поради која не живееме онака како што би сакале. Партнерот кој не ве поддржува само ги зголемува овие стравови, ги истакнува, именува и им дава сосема нова димензија правејќи ги непобедливи во вашите очи.

Тој или таа ве деконцентрира

Доколку сакате да живеете исполнет живот, потребно е да бидете неверојатно концентрирани и истрајни. Тоа треба да биде вашата секојдневна мисија. Но, доколку покрај вас имате партнер кој постојано ќе се обидува да ве деконцентрира и да ви го одвлекува вниманието од целите кои сте си ги зацртале, тогаш тој или таа без сомнение ве саботираат. Нивната главна причина е да ве обесхрабрат и да ја уништат вашата самодоверба бидејќи и самите се чувствуваат неуспешно.

Тој или таа го зголемува нивото на вашиот стрес

Сигурно веќе многу добро знаете дека стресот може да предизвика многубројни здравствени проблеми. Лошиот партнер само ја влошува целата ситуација и ве доведува до точка во која стресот почнува да ви делува како неиздржлив. Во оваа ситуација, што повеќе се обидувате да го заблажите стресот, толку поогорчено ќе гледате на остварувањето на вашите соништа.

Тој или таа размислува само за своето добро

На крајот, партнерот кој не ве поддржува се фокусира само на своите грижи. Тие, со еден збор, може слободно да се каже дека се преплашени. Се плашат од животот, соништата и најмногу од сè, да не останат сами. Начинот на кој се обидуваат да се носат со тој страв е обидот да ве држат во свои раце. Но, не заборавајте. Доколку сакате да го живеете животот од соништата, вие мора да го направите тоа што е најдобро за вас и вашиот живот, а не за другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар