Неколку знаци кои откриваат дека сте емотивна личност (и зошто е тоа добро)

Неколку знаци кои откриваат дека сте емотивна личност (и зошто е тоа добро)

„Моментот во кој плачеме додека гледаме филм не е оној тажниот, туку кога работите ќе излезат подобро отколку што сме очекувале дека ќе бидат“ – Алан де Ботон.

Но, тие луѓе, исто така, го гледаат она што останатите не го гледаат. Можеби и вие сте такви. Гледате кога некој е тажен, а никој друг не му обрнува внимание. Трчате по дожд за да спасите некое куче. Можеби реагирате емотивно наместо разумно, но ова се причините поради кои е супер да бидете таква личност.

1-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_

1. Се плашите да не ги повредите туѓите чувства

Размислувате како е кога некој ќе ве повреди. Последно нешто што сакате е да му го направите тоа некому, освен ако навистина е потребно. Тоа не е најлесната, ниту најразумната работа – да се воздржите за да не повредите некого. Понекогаш може да се случи и вие воопшто не сте виновни, бидејќи тоа не било намерно. Но, многу е убаво што се обидувате да внимавате на туѓите чувства.

2. Спомените ви се многу важни и понекогаш живеете во нив

Честопати се грижите за минатото и иднината. Внимателноста е прекрасен пристап и решение, како и фактот дека толку многу размислувате во врска со сè. Сето тоа ве прави прекрасна личност. Работите кои сте ги поминале во животот имаат големо значење. Одредени луѓе и места ви се важни и тоа е многу убаво и моќно. Само, обидете се да не се држите толку многу до работите, бидејќи тоа не е секогаш најдобро. Најважно е да живеете во сегашноста, за да можете да уживате во животот.

3. Среќата ви е поважна од успехот

Некои луѓе ќе направат сè за да стигнат до врвот. Ќе се стават себеси пред сите други, пред семејството и пријателите. А понекогаш, дури на врвот ќе сфатат дека не се среќни затоа што го постигнале она што го посакувале. На вас, успехот не ви е на првото место. Вашите приоритети се среќата, љубовта и вниманието. Само сетете се дека успехот, исто така може да биде дел од среќата. Важно е да имате цели и ќе се чувствувате како да успевате во сето она што го посакувате.

2-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_

4. Не се плашете да погрешите

Како личност која знае многу за чувствата, знаете дека е човечки да се греши. И самите сте грешеле, како и сите останати на светот. Не се плашете од тоа, бидејќи разбирате дека грешките се составен дел од животот. Кога реагираме во склад со нашите чувства, тогаш знаат да ни удрат шамар и нашите сопствени избори. Но исто така, ние собираме искуство кое е сјајно.

5. Чувствата ви се поважни од разумот

Вие сте добра пријателка и добро човечко суштество, секој е среќен што ве има во неговиот живот, бидејќи вие ја знаете важноста на чувствата. Важни ви се чувствата и нивната улога во сето она што го правиме. Можеме да направиме листа на она што треба, а што не треба да правиме, но на вас ви е најважен сопствениот труд, повеќе го следите срцето отколку правилата. Можеби тоа не ве носи секогаш онаму каде што се надевате, но барем имате добри причини за вашиот пат.

3-nekolku-znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-emotivna-lichnost-i-zoshto-e-toa-dobro-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар