­
Неколку знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

Неколку знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

Уште како деца учите дека кога ќе бидете возрасни од вас ќе се очекува да бидете зрели и одговорни личности кои ќе може да се носат со своите проблеми. Сепак, тоа не се случува секогаш. Всушност, постојат два вида луѓе на овој свет – оние кои ги обвинуваат другите за своите проблеми со кои се соочуваат и оние кои самите преземаат одговорност за нивната состојба и се фокусираат на решавање на своите проблеми. Се разбира, мислите дека знаете во која група се наоѓате, но дали е тоа така навистина? Погледнете ги овие пет знаци кои покажуваат дека вие ги обвинувате другите за оние проблеми кои ви се случуваат вам.

Некои знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

1. Постојано се жалите за еден ист проблем

Животот е полн со предизвици, но доколку имате здрав начин на размислување и дејствување, тогаш проблемите постепено ќе се подобруваат, додека не се решат. Кога секогаш се жалите за истите проблеми, повторно и повторно, тогаш вие сте заглавени во вашата приказна. Ја изобличувате вашата перспектива и сметате дека не сте самите виновни, туку наоѓате некој друг да го обвинувате за тоа. Во тие моменти ја губите од вид големата слика, па почнувате да верувате дека немате моќ или контрола над работите. Но, вистината е дека имате моќ и можете да ги извршувате работите со слободна волја и избор. Запаметете дека секогаш имате избор, дури и ако тоа е избор на уште една мисла, вие можете да ги свртите работите во позитивна насока.

2. Постојано сте незадоволни

Незадоволството предизвикува горчина и вие чувствувате дека некој ви прави нешто лошо или дека кон вас се однесува неправедно. Тоа е природна емоција, но како и да е, доколку постојано чувствувате незадоволство, тоа значи дека постојано се правите „жртва.“ Секоја емоција, вклучувајќи го и незадоволството, носи одредена порака. Од вас зависи дали ќе ги промените вашите гледишта кон проблемот или ќе изберете друг начин на дејствување. Доколку дозволите да ве води незадоволството, тогаш немате простор да се фокусирате на други активности и да ја промените ситуацијата во која се наоѓате.

3. Велите: „Ти направи да се чувствувам вака“

Никој не може да направи да се чувствувате вознемирено или налутено. Единствената личност која може да направи да се чувствувате на ваков начин, сте самите вие. Во поголем дел вие избирате како ќе се чувствувате, врз основа на тоа како ги доживувате и како ги разбирате нештата што ви се случуваат. Доколку не сакате да бидете вознемирени или лути, тогаш треба да научите како да преземате одговорност за своите чувства и како свесно да ги избирате вашите реакции, наместо да дозволите тие да ве совладаат. Природно е до одреден степен да бидете под влијание на другите луѓе. Од една страна здраво е и да ги разгледате нивните повратни информации и мислења, сѐ додека тоа не ви ги диктира вашите сопствени мисли. Секогаш имате избор да одлучите што треба да чувствувате, а што не.

Некои знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

4. Вие сте во нефункционална врска

Во ваквата врска едното лице е зависно од другото, има слабо ментално здравје, незрелост или неодговорност. Ова лице одбива да погледне во своите сопствени проблеми, затоа што е премногу окупирано со она што другиот го прави. Овие односи прават и двајцата да бидат заглавени во рутината. Обично, кога едното лице почнува да се фокусира на решавање на своите сопствени проблеми, тој предизвикува другата личност да се чувствува загрозено поради тоа, при што нема да продолжи. Сепак, можете да ја промените врската доколку знаете дека тоа е негативно. И покрај тоа што другите ви велат за вашите напори, вие треба да се фокусирате и на себе, при што останатите може да бидат инспирирани да направат слични промени и кај себе.

5. Забележувате исти случувања во вашиот живот

Кога ќе се соочувате со ист вид односи секојдневно, ќе работите исти работи и ќе ги повторувате истите грешки, повторно и повторно, тоа е знак дека не преземате одговорност за своите проблеми. Истите случувања кои се повторуваат, покажуваат дека ви недостига нешто, или пак дека вие избирате да ги игнорирате работите. Која и да е причината, ова може да ви биде знак дека треба да ги совладате ограничувањата кои ве попречуваат да продолжите напред.

Па, несомнено е дека сите ние имаме проблеми во животот и тоа е она што нѐ прави луѓе. Не можете постојано да уживате во добрите времиња, без притоа да доживеете нешто лошо. Но, она што можете да го направите е успешно да се справите со проблемите, затоа што самите вие сте си одговорни за тоа. Само кога ќе го сфатите ова, ќе сфатите и дека имате моќ да ја промените ситуацијата. Кога ќе ги погледнете проблемите, ќе чувствувате доволно моќ за да ги преземете неопходните чекори за да најдете решение. Доколку откриете дека сте во ситуација кога ги обвинувате другите околу вас за вашите проблеми, тогаш тоа можете едноставно да го промените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар