Неколку здравствени трикови со кои ќе ги трансформирате телото и духот за само 7 дена

Неколку здравствени трикови со кои ќе ги трансформирате телото и духот за само 7 дена

Имате доста лош имунитет и пад на енергијата? Би сакале да изгубите неколку килограми, но и да се чувствувате подобро? Поточно, сакате да бидете здрави и среќни. Нема никаков проблем. Започнете од овие здравствени трикови кои навистина може да ви помогнат да се чувствувате подобро, но и да изгледате така.

1-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

1. Исфрлете го шеќерот од вашето кафе

И самите знаете дека кафето не дебелее, ниту пак е лошо за вашето здравје. Но, само кога се пие без шеќер и без кои било други додатоци. Затоа, ако сакате да го спречите бавното, но сигурно дебелеење, високиот притисок, дијабетесот и другите слични заболувања, намалете го внесувањето на шеќерите и ќе забележите дека ќе се чувствувате подобро, но и ќе изгледате така.

2-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

2. Излезете порано од автобусот или паркирајте се подалеку

Поентата е да пешачите! За да бидете здрави и среќни потребно е да издвоите барем еден час неделно за некоја физичка активност без разлика колку е таа мала и едноставна. Најлесно и најбезболно е да пешачите пред или после работното време, особено ако цел ден седите во вашата канцеларија. Со други зборови, или паркирајте го вашиот автомобил малку подалеку од работното место или излезете од градскиот превоз неколку станици поназад. И секако, излезете од дома порано!

3. Инсталирајте апликација која ги брои вашите чекори!

Ова е продолжение на претходното – пешачењето и мерењето на резултатите ќе ви биде уште полесно доколку едноставно симнете бесплатна апликација која ги брои вашите чекори! И само да ве потсетиме дека луѓето кои неделно минуваат околу 70.000 чекори (што не е многу) имаат околу 35% помали шанси да добијат некое срцево заболување.

3-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

4. Јадете путер од кикиритки

Путерот од кикиритки е одличен извор на протеини и без грижа на совеста можете да го консумирате секојдневно. Секако, водете смета за количината и немојте да го консумирате доколку сте алергични. Сепак, во тој случај помага павлаката која има навистина малку калории и масти и е одлична како за вашето здравје, така и за вашата тежина. Ако додадете некое овошје во павлаката, имате одличен појадок!

4-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

5. Секоја вечер пијте една чаша црно вино

Каков тежок живот, зар не? Сепак, во виното е вистината. Освен вода, во вашето дневно мени вклучете и црно вино (мала чаша, една чаша) и тоа во комбинација со зеленчук и риба, со овошје за десерт, но не и во комбинација со некоја тешка храна.

5-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

6. Вклучете пробиотици во исхраната

Пробиотиците се одлични за вас и тоа најпрво за регулирање на тежината, но и за решавање на сите проблеми со кожата. Затоа, во вашата исхрана вклучете производи кои се богати со пробиотици како што се јогуртот, кефирот, меките сирења, киселите краставички и слично.

6-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

7. Медитирајте

За крај, за добро здравје е многу важна „чиста“ глава. Затоа, барем по пет минути пред спиење и после будењето медитирајте, исклучете се, опуштете се и гледајте како светот станува многу подобро место за живот. Намалете го стресот и „зајакнете“ го здравјето!

7-nekolku-zdravstveni-trikovi-so-koi-kje-go-transformirate-vasheto-telo-i-duh-za-samo-7-dena-www.kafepauza.mk_

Бидејќи наскоро ни доаѓа зимата, погледнете неколку животни трикови кои ќе ви помогнат да останете во добра форма за време на зимските месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар