Неколку трикови за разубавување кои секоја жена би требало да ги знае
Жените никогаш не можат да ги купат сите производи за убавина кои им се потребни за да изгледаат убаво, средено и според последните трендови во негата и шминкањето. За среќа, тие се снаодливи и благодарение на разни трикови успеваат да изгледаат најдобро што можат. Ви претставуваме 10 трикови кои на секоја жена ќе ѝ го олеснат процесот на разубавување пред огледалото.
1. Природни зачадени очи
Со креонот нацртајте линии како на сликата, а потоа нежно размачкајте ги со прстот. Со ова ќе добиете природен ефект на зачадени очи.
2. Направете свој гел-креон
Сè што ви е потребно е креон и запалка. Загрејте го креонот со запалката и за секунда ќе добиете гел-креон.
3. Интензивирајте ја бојата на сенката употребувајќи бел креон
За да ја направете бојата на сенката поинтензивна, сè што треба да направете е да нанесете бел креон на очниот капак пред да ја нанесете сенката. За секунда ќе добиете поинтензивна боја.
4. 3Д усни
Сè што треба да направете е да нанесете малку бела сенка за очи на веќе нанесениот кармин. Веднаш ќе го добиете тој 3Д ефект.
5. Мат усни
За овој трик на веќе нанесениот кармин ставете малце руменило и ќе добиете мат ефект.
6. На кои места да нанесете парфем?
За парфемот да ви трае подолго најдобро е да го нанесете зад ушите, на внатрешните зглобови, на долниот дел на грлото, на внатрешноста на лактот и зад коленото.
7. Маскарата како туш за очи
Потребно ви е маскара и четка за туш. Од четката на маскарата со четката за туш земете онолку маскара колку што ви е потребно, а потоа нанесете исто како што нанесувате туш.
8. Трик за нанесување на маскарата со помош на бизнис-картичка
За да го избегнете уништувањето на перфектната шминка додека нанесувате маскара, послужете се со бизнис-картичка. Поставете ја како што е на сликата и нанесувајте безгрижно.
9. Нанесете го коректорот на поинаков начин
Наместо на стариот начин, коректорот или пудрата нанесете ги во форма на триаголник за полесно и поефектно отстранување на темните кругови под очите.
10. Направете сами сув шампон
За овој шампон потребно ви е да измешате 6-10 капки етерично масло (лаванда или лимон), 2 лажици пченкарен скроб и 2 лажици оризово брашно, a последната состојка можете да ја изоставите бидејќи е тешка за наоѓање кај нас.