Неколку трикови за маникир како од козметички салон
Време е да се поздравите со неуредниот маникир – заноктиците, дамките од лак на прстите и видливите премини ќе станат минато доколку се придржувате до неколку совети. Со малку трпение, вештина и фантазија, вашите нокти ќе изгледаат како да се негувани во козметички салон.
1. Шишенцето со лак, пред нанесувањето, секогаш протривајте го со дланките. На овој начин ќе исчезнат сите меурчиња.
2. Секогаш користете подлога, т.е. база за лак. Таа ќе придонесе ноктите да изгледаат поубаво, но исто така ќе помогне и за полесно бришење на лакот, кога ќе посакате да го промените.
3. Доколку ги лакирате ноктите надвор, никогаш немојте тоа да го правите додека дува ветар. Тој може да предизвика „пукање“ на лакот на ноктите.
4. На секоја страна од ноктот оставете нелакирано околу 2 милиметри. На овој начин, вашите нокти ќе изгледаат подолги, а кожата околу ноктите ќе може слободно да дише.
5. За да можете да го отстраните лакот околу ноктите со чепкалка за уши натопена во ацетон, не чекајте лакот да се исуши туку направете го тоа веднаш.
6. Не започнувајте да ги лакирате вашите нокти доколку немате 20 минути за да ги исушите.
7. Никогаш не нанесувајте лак на ноктите без да почекате да се исуши претходно нанесениот слој.
8. Темниот лак или лакот со светки избришете го со натопени памукчиња кои ќе ги ставите на ноктите, ќе ги задржите неколку секунди и потоа ќе ги повлечете нагоре.
9. Ако сте во брзање и немате доволно време да почекате да се исуши лакот, прстите потопете ги во сад со ладна вода. Тоа ќе го зацврсти лакот и ќе направи повеќе да трае.