Неколку совети за здрава и „среќна“ вагина

Неколку совети за здрава и „среќна“ вагина

Овој текст е наменет за сите жени што сакаат да го подобрат здравјето на својата вагина, да ја зголемат желбата за секс, како и да доживуваат поинтензивни оргазми. Да почнеме со најважното – Кегелови вежби! Тие биле осмислени од страна на гинекологот Арнолд Кегел со цел да се зајакнат вагиналните мускули, особено по породувањето. Според многу експерти, овие вежби се незаменливи доколку сакате вашата вагина да биде поздрава, како и да доживувате посилни оргазми – без разлика дали сте родиле или не.

nekolku-soveti-za-zdrava-i-srekjna-vagina-www.kafepauza.mk1

Па, како да ги правите? Многу едноставно. Најпрво почувствувајте го вагиналниот мускул така што ќе го затегнете. Ако не сте го правеле ова никогаш досега, и не сте сигурни какво треба да биде чувството – обидете се да го направите истото како и кога сакате да го спречите уринирањето (притоа без да го стискате стомакот). Кога потребниот мускул ќе биде затегнат, задржете го така неколку секунди, а потоа отпуштете го. Почнете да го правите ова два пати дневно, по 25 повторувања. Како што ќе минува времето, така зголемете го бројот на повторувања и држете ги мускулите подолго стегнати.

Што се однесува до зголемување на сексуалниот нагон, постојат неколку витамини и минерали што можат да ви направат голема разлика. Најважните следуваат во продолжение…

Цинк – тој е значаен минерал за добар сексуален живот. Јадете школки, морски плодови, јајца, сирење, пилешко, мисиркино, леќа…

Магнезиум – тој е заслужен за одржување на рамнотежата помеѓу половите хормони и помага при сексуалната издржливост, чувствителноста, возбудувањето. Јадете зелен лисест зеленчук, ореви, сирење, банани и житарки.

Калциум – овој минерал игра голема улога во интензитетот на оргазмите кај жените (како и ерекцијата кај мажите). Јадете млечни производи, зелен лисест зеленчук, грав, јаткасти плодови и сушено овошје.

Арганин – станува збор за аминокиселина што се добива од протеинската храна и е нужна за добар сексуален живот. Сите производи од животинско потекло можат да ви помогнат.

Витамин Ц – Освен што го зајакнува имунитетот, овој витамин го зголемува сексуалниот нагон и ги зајакнува половите органи. Јадете повеќе бобинки, манго, компир и брокули.

И за крај, уште неколку совети за одржување на здравјето на вагината. Најпрво, за да ја спречите лошата миризба на вагината, избегнувајте да јадете лук, да носите тесна облека и синтетички гаќички. Потоа, по уринирањето, бришете ја интимната зона од вагината кон анусот, никако обратно. Исто така погрижете се добро да ја измиете за време на бањањето, притоа користејќи шампони за интимна нега.

Никогаш не го надминувајте максималното време дозволено за носење еден тампон и почнете редовно да вежбате, бидејќи добриот проток на крвта низ телото е клучен за сексуално возбудување. И кога сме кај сексот, користете квалитетен лубрикант за да ја заштитите вагината од мали оштетувања и имајте секс што е можно почесто, бидејќи така мускулите остануваат во добра форма, а вагиналните ѕидови стануваат пофлексибилни.

Што сѐ треба да знаете и за бактериите во вашата вагина?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар