Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

Доколку сакате да имате здрава и негувана коса, потребно е да ја подготвите и за претстојните сончеви месеци, бидејќи правилата за одржување на убава коса не се исти како оние во зима. Кога времето ќе се разубави, потребно е да размислуваме за поинаква нега на телото, лицето и косата. Подготовките за очекуваните високи летни температури треба да започнат навреме и не смееме да занемариме ниту еден дел од нашето тело кога е во прашање соодветната нега.

Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

Косата е особено чувствителна на УВ-зраците, па многу често се случува после враќање од летниот одмор, да мораме драстично да ја скратиме, бидејќи е премногу оштетена. Затоа, навреме подгответе се за зголеменото изложување на сонце и потењето, за потоа без грижа да можете да уживате во летото.

Знаеме дека обоената коса е особено подложна на оштетувања, бидејќи самото боење драстично ја уништува структурата на косата. Ако на ова го додадеме и штетното УВ-зрачење и солената морска вода, на косата ѝ нема спас доколку не е правилно негувана. Ова особено се однесува на русокосите и на косата со црвена нијанса. За да ја заштитите, особено е важно на косата да се нанесува регенератор во форма на спреј кој не се мие и ја штити косата од сончевите зраци. Истиот совет важи и за оние кои многу време поминуваат движејќи се на силното градско сонце, а не само за оние кои се на плажа.

Збогатете ја својата исхрана со здрави намирници богати со омега-3 масни киселини. Во вашето мени вклучете многу сина риба, спанаќ, јајца, чиа семки и масло од ленено семе. На овој начин ќе ја нахраните вашата коса однатре и таа ќе биде сјајна, здрава и цврста, а исто така и вашето тело ќе има корист од таквиот начин на исхрана.

Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

Пред да одите на летување, задолжително посетете го фризерот. Многумина мислат дека најдобро е да го направат тоа откако ќе се вратат, но според експертите во оваа област, ова е честа замка на која жените паѓаат. Оштетените врвови уште повеќе се уништуваат под влијание на сонцето и морската сол или хемикалиите за чистење и одржување на базените, па кога ќе се вратите веројатно ќе мора да ја скратите и повеќе отколку што сте планирале.

Предлог: Две недели пред да тргнете на летување, скратете ја косата и тргнете со здрава коса. Кога ќе се шишате, убаво е да му напоменете на фризерот дека ќе бидете изложени на сонце повеќе од вообичаено, па доколку сакате може да ви направи и третман со ботокс за дополнителна заштита и зајакнување на косата.

Обезбедете ѝ на вашата коса дополнителна нега. Мијте ја почесто отколку во поладните месеци, со мала количина благ шампон, бидејќи за време на високите температури скалпот повеќе се поти, а потта може дополнително да влијае вашата коса да изгледа лошо. За време на миењето, особено е важно да употребувате благи шампони, без парабени и силикон, произведени од што поприродни состојки (има голем избор на пазарот), кои се наменети за секојдневна употреба. Еднаш неделно косата третирајте ја подлабоко, така што би можеле да изберете некоја маска или производ богат со арганово масло, за дополнителна хидратација и заштита на влакното.

Проверете и кои ноќни навики ја уништуваат вашата коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар