Неколку совети за справување со летната несоница!
Долгите топли денови без сомнение се одлични – идеални за прошетки во природа и зголемување на количината на витамин Д, но проблемите со спиењето можат да бидат негативна страна на летото. Еве како да се разладите во топлите ноќи и да спиете добро без разлика дали немате клима уред или не сакате да спиете во вештачки разладена просторија.
Смирувачка бања
Ако се борите со летната несоница, можеби ќе сакате да се обидете со вечерен туш. Туширањето пред спиење ви помага полесно да се опуштите од стресниот ден, ја релаксира мускулната тензија, но и ја намалува телесната температура – сите тие се добри сојузници кои ќе ви овозможат побрзо да заспиете. Можете да додадете неколку капки благотворно масло како лаванда или камилица во бањата со млака вода.
Дишете наизменично
Кога чувствувате дека ве обзема несоницата, не дозволувајте мислите да ви го окупираат умот. Земете масло лаванда и пробајте ја следната техника на дишење: затворете ја едната ноздра и полека вдишете го мирисот низ другата, издишете и повторете го истото од другата страна. Повторете го ова наизменично дишење 4-5 пати додека истовремено визуелизирате како утре (или што и да ве држи будни) ќе помине беспрекорно.
Спијте на десната страна
Лежењето на десната страна од телото ја активира спротивната, левата страна, која според енергетската анатомија е женската страна и која има функција да го разладува и смирува телото.
Откако ги прочитавте нашите совети за справување со летната несоница, можеби ќе сакате да прочитате и кои навики во исхраната можат да доведат до несоница.
Извор: ljepotaizdravlje.hr