Неколку совети за пушачите: Како со помош на исхраната да ги прочистите вашите бели дробови?
Доколку воведете одредени промени во вашата исхрана, сигурно барем малку ќе си ги прочистите белите дробови. Можеби нема да успеете целосно, но барем до одреден степен ќе можете да се ослободите од штетните токсини.
Ако сè уште не сте подготвени да се откажете од пушењето, без разлика на фактот што знаете за штетата која тие ви ја причинуваат, тогаш барем обидете се да ги намалите шансите за развивање одредени болести како ракот. Со помош на овие видови храна вие можете малку да ги исчистите белите дробови од катранот и да го намалите ризикот од појавата на инфекции…
Слатката пченка содржи бета-криптоксантин за кој се верува дека ги штити белите дробови од карцином и претставува силен антиоксиданс. Од друга страна пак, не заборавајте дека на полиците во маркетите изобилуваат производи кои се ГМО, па токму затоа консумирајте ги само оние за чие потекло сте 100% сигурни.
Селенот е моќен антиоксиданс, а бразилските ореви се најдобар извор на селен кој можете да го најдете во природна форма.
Лукот исто така е одличен чистач на белите дробови. Покрај лукот, и кромидот исто така е одличен за борбата против канцерот. Тие спречуваат многу видови болести, меѓу кои се и инфекциите и ракот на белите дробови. Интересно е и тоа што дури и кај оние кои се заболени од рак, тие имаат силен ефект при намалување на неговото ширење.
Ѓумбирот е природен лек кој ќе ви помогне да се заштитите од голем број тешки заболувања. Тој е уште едно силно средство за исфрлање токсини од белите дробови. Можете да го пиете како чај кој го олеснува дишењето, но можете и да го консумирате преку оброците.
Портокалите исто така содржат криптоксантин кој делува превентивно против ракот на белите дробови.
Копривата е многу корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и како борец против ракот. Чајот од коприва традиционално се користи за плакнење на устата и грлото, но може да биде и ваш добар сојузник против ракот на белите дробови.