Неколку совети за подобар сон
„Не ми зборувај додека не го испијам кафето!“ Дали ова е вашата утринска мантра? Дали се чувствувате уморно дури и по подолго спиење? Сонот е голем и најчесто невидлив фактор за тоа како се чувствувате во текот на денот и како се поврзувате со луѓето околу вас. Дали забележувате дека сте онлајн, на мобилен, покрај книга или пред ТВ цела вечер, сè до раните утрински часови? Ова може да биде знак дека имате потреба да се чувствувате порелаксирано по дневните обврски.
Сите ние сакаме да сме постојано енергични, но се заглавуваме во секојдневните обврски на работа, во домот… На тој начин зафатеноста станува „непријател“ на добриот сон. Експертите препорачуваат дека еден просечен возрасен треба да спие помеѓу 7 и 8 часа. Оние кои не спијат доволно, можеби ќе имаат потреба да спијат и повеќе за да надокнадат за изгубениот сон. Погледнете ги наредниве неколку совети кои можат многу да ви помогнат во вакви ситуации:
Дизајнирајте вечерна рутина која ќе ве опушти – Гледањето насилни криминални серии не треба да биде дел од вашиот смирувачки ритуал. За да успеете да се смирите пробајте со пишување (водење дневник), одредени јога позиции, медитација, читање лесна книга, масажа со миризливи лосиони или рекласирање во топла бања. Создадете ритуал кој ќе го практикувате секоја вечер за да може вашето тело за време на тој процес да научи да се опушти.
Местото за спиење би требало да биде мирно – Избегнувајте да имате цел куп работи кои треба да ги завршите, како вашите проекти за работа, на вашата маса покрај креветот. Тие задачи можат да го натераат вашиот мозок активно да работи, постојано размислувајќи за нив. Поради тоа ќе биде скоро невозможно да се опуштите. Отстранете сè што е поврзано со вашите дневни обврски од вашата соба за спиење. Основната намена на спалната соба и креветот е за спиење и за секс.
Избегнувајте го дневното преспивање – Ако страдате од несоница пробувајте да останете будни во текот на целиот ден. Дури и кога ќе се почуствувате преморено и кога кратката дремка ќе ви изгледа како одлична идеја, тоа може да го наруши вашиот природен ритам на спиење. Целта е да бидете што попоспани вечерта пред да си легнете. Некои специјалисти препорачуваат целосно да ги елиминарате днвените преспивања.
Испланирајте време за грижење – Ако имате нервозни мисли пред да заспиете, ставете тетратка и пенкало на масата покрај вашиот кревет каде што ќе можете да направите листа на вашите грижи. Многу ретко се случува да се појави брилијатна идеја која ги решава сите проблеми во моментите пред спиење. Откако ќе ги напишете, ако повторно ви се навраќаат во мислите, слободно потсетете се дека тие се на листата и дека ќе можете да се грижите за нив утредента.
Не можете да се помирите со стресот од работа или со конфликтот во домот – Во овие моменти од голема помош може да биде разговор со лиценциран терапевт кој ќе ви помогне да ги најдете корените на вашите проблеми. Побарајте помош за да можете да сфатите што можете, а што не можете да промените.
Јадете нешто лесно – Пред спиење, експериментирајте со малку јаглехидрати или протеини, како јаболко и сирење или малку житарици со млеко.
Голем број од луѓето тврдат дека пиењето кафе по вечерата „никако не им влијае“ – Дури и ако немате проблем со заспивањето, многу супстанци како алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот влијаат на вашето тело и мозок како и на поминувањето низ 5-те фази на спиењето. На сите нас ни се потребни тие фази за да можеме да се почувствуваме одморено и физички и психички.
Вежбајте редовно, но не пред спиење – За голем број луѓе вечерното вежбање е „саботажа“ на природната желба на телото за спиење. Набљудувајте се себеси додека вежбате за да научите колку и каков вид вежби најдобро влијаат на вашиот сон.
Ако ништо не помага, обратете се кај вашиот доктор – Понекогаш краток третман со апчиња за спиење може да ви помогне со несоницата која е предизвикана од грижи. Исто така можете да се обидете и со кинеска алтернативна медицина или акупунктура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.