Неколку совети за оригинални и впечатливи вечерни модни комбинации - Part 2

Неколку совети за оригинални и впечатливи вечерни модни комбинации

4. Но, која девојка не сака да се одвои од толпата со нешто поразлично, со нешто кое не може да се види во голема мера во нејзината околина? За што друго служат аксесоарите, ако не за да се истакнете и да се одвоите од толпата? Комбинирањето на парчињата облека и деталите во најголема мера зависат од вашиот личен стил, вкус, од она што сакате да го постигнете и моменталното расположение. Најважно е да ги отфрлите сите ограничувања, бидејќи деталите се тука за да ја „зачинат“ модната комбинација, поради што можете слободно и без никаков страв да ги мешате стиловите и она што многумина би рекле дека не може да се спои во едно.

4-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

5. Како да ги изоставите чизмите над колена? Никако! Во комбинација со некој комбинезон, краток фустан или мини здолниште, во бројни класични, лежерни или гламурозни модни комбинации, чизмите над колена секогаш ќе бидат добар избор, бидејќи ќе ви дадат атрактивен изглед кој освојува со сексапилност.

5-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

6. Монохроматските модни комбинации се вистинскиот спас кога не знаете што да облечете при брзање. Само спојувате две до три парчиња облека кои се во иста боја, или слични нијанси, а со целата таа комбинација комбинирајте крем високи потпетици и мала чанта. Доколку сакате можете да додадете и некој детаљ, како на пример ланче или малку накит, а можете и да го прескокнете, бидејќи и без него ќе изгледате одлично.

6-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

7. Но, вечерните и ноќните излегувања не се за досадни модни комбинации. Понесете го она кое најдобро го истакнува вашиот стил. Одлучете се за некое екстравагантно парче облека или детаљ кој ќе направи да бидете забележани, направете спој на стилови кои ќе направат момците да „полудат“ по вас, а девојките да се запрашаат како сте успеале така добро да се стилизирате. Епа ајде, време е да се подготвите и да тргнете, ве чекаат пријателите за уште една преубава вечер во „лудиот“ град!

7-dres-kod-nekolku-soveti-za-originalni-i-vpeatlivi-veerni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар