Неколку работи што вашиот шеф постојано ги забележува кај вас

Неколку работи што вашиот шеф постојано ги забележува кај вас

Без разлика во кој сектор работите, сигурно повеќето од вас имаат претпоставени пред кои одговараат за својата работа. Но, покрај вашиот перформанс во текот на работното време, вашиот шеф забележува и голем број други нешта кај вас, бидејќи всушност тоа е и негова должност. Еве на што особено треба да внимавате доколку сакате да напредувате во кариерата.

Овие работи вашиот шеф секогаш ги забележува кај вас

1. Кое време пристигнувате на работа

Додека повеќето компании имаат одредено почетно работно време, некои не се толку строги во овие правила, па немаат точно време кога треба да пристигнат вработените. Но, внимавајте. Ова не значи дека треба да отидете на работа во средина од денот. Погледнете кога пристигаат вашите колеги и обидете се да го правите тоа во исто време со нив.

2. Кога си одите од работа

Без разлика дали вашето работно време завршува во точно одреден час или пак сте флексибилни, сепак, внимавајте кој период си одите од работа. Пред вашите колеги? После нив? По што се разликувате?

3. Начинот на кој се облекувате

Едно од најважните нешта кога одите на работа е како ќе се претставите себеси. Имајте на ум дека секторот во кој работите го диктира кодексот на облекување. Некои места се флексибилни, додека пак други имаат точно одреден начин на облекување кој строго треба да се почитува. Исто така и овде можете да се споредите со вашите колеги и да се обидете да се облекувате на сличен начин.

Овие работи вашиот шеф секогаш ги забележува кај вас

4. Како ја користите технологијата

Дали го користите телефонот за да разговарате во врска со работата или пак само се допишувате со вашите пријатели? Внимавајте и користете ја технологијата за да ви помогне во работата, а ограничете го времето поминато на Фејсбук!

5. Зборовите кои ги користите

Внимавајте што и со кого зборувате, затоа што многу од разговорите може да пристигнат до ушите на вашиот шеф, а тоа не би му се допаднало.

6. Дали се вклопувате во работната атмосфера

Дали се согласувате со вашите колеги или сте од оној тип „чудни“ луѓе што секогаш стојат настрана од останатите? Ако сте нови на работа, потешко ќе ви биде да се вклопите во целокупната работна атмосфера. За да си олесните, посетувајте различни настани поврзани со работата и дружете се со вашите колеги. Вашиот шеф би сакал да види дека вие одговарате за неговиот тим.

7. Како управувате со вашето време

Последно, но и не помалку важно е тоа како управувате со вашето време. Дали работите ефикасно и со вистинското потребно темпо? Или пак сакате во меѓувреме да правите и работи кои не требаат? Важно е да изберете кои задачи се приоритетни и секогаш да ги почитувате зададените рокови. Пред сѐ, вие сте таму за да работите.

Овие работи вашиот шеф секогаш ги забележува кај вас


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар