Неколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинакви
Многумина сметаат дека чувствителни луѓе се оние кои се срамежливи, интровертни и повлечени во комуникацијата со другите. Еве ги работите по кои тие се разликуваат од мнозинството, а кои ќе ве натераат да размислите дека можеби поседувањето на ваквите особини, можеби и не е толку голем недостаток.
Имаат силни мисли и чувства
Чувствителните луѓе и најобичните работи ги доживуваат многу сериозно и длабоко. Тие се интуитивни и секогаш одат до самата суштина на проблемот, за да дојдат до негово разрешување. За разлика од останатите, повеќе се склони кон забележување и на најситните детали. Тие се оние кои секогаш ви го помнат роденденот и кои уште веднаш ќе ја забележат вашата нова фризура.
Реагираат поттикнати од емоциите
Иако делуваат мошне рационално, чувствителните луѓе всушност секогаш се водени од емоциите. Тоа е нивното инстинктивно дејствување, кое е сосема природно. Неретко чувствата ги преплавуваат и знаат лесно да заплачат.
Потешко донесуваат одлуки
Бидејќи им е потребно повеќе време за во себе ги ревидираат сите информации, потешко донесуваат одлуки. Ги земаат предвид сите можни ситници и детали, што им ја намалува решителноста.
Посклони се кон депресија и анксиозност
Ова е можеби најголемиот недостаток на чувствителните луѓе. Психолозите велат дека ова се случува само кога во раните години, се имаат соочено со некои непријатни искуства, што направиле да не се чувствуваат сигурно и безбедно во домот, училиштето итн. Иако, во голема мера, станува збор за вродена предиспозиција, има начини за контролирање на емоциите. На пример, добриот сон, вежбањето, здравата исхрана може да придонесат за правилно канализирање на енергијата и чувствата.
Внимаваат на деталите
Чувствителните луѓе се многу чувствителни кон сето она што ги опкружува, внимаваат на деталите и ги забележуваат дури и најситните, суптилни разлики. Имаат комплексен и богат внатрешен живот. Неретко, поради тоа што не знаат како да ги изразат силните емоции, делуваат срамежливо и повлечено, а во тој момент би дале сѐ за другите да сфатат како тие всушност се чувствуваат.
Интуитивни се
Чувствителните луѓе се многу интуитивни. Внатрешно, веднаш чувствуваат дали она што некој им го кажува е лага или вистина. Лесно може да ги прочитаат намерите на другите луѓе и се потпираат на сопствените инстинкти.
Сакаат силно и предадено
Овие луѓе сакаат предадено и со целото свое срце. Сочувствуваат со другите и лесно им е да се стават во нивна позиција и да ги разберат, кога тоа е потребно. Многу се приврзани со саканите, без разлика дали тоа се интимните партнери, пријателите или членовите на семејството.
Ги растажуваат проблемите во светот
Чувствителните луѓе длабоко ги погодуваат проблемите и неправдите во светот. Затоа, неретко волонтираат и се секогаш спремни да им помогнат на другите. Дел се и од протести и штрајкови, побудени од желбата за правда и еднаквост.
Полесно се расплакуваат
Да, тоа е вистина. Чувствителните луѓе посилно ги доживуваат ситуациите и полесно се расплакуваат. За нив тоа не е ништо срамно, туку само отворено искажување на емоциите. Затоа, имајте малку повеќе разбирање спрема нив, кога тоа ќе им се случи. Исто така, се потресуваат и при најмалите промени, што треба да им се случат во животот.
За крај, се надеваме дека ова ќе ви помогне подобро да ги разберете ваквиот тип луѓе. А, вие, чувствителните, не треба да се срамите од она што сте, туку да научите како да ги канализирате силните емоции за лична придобивка и внатрешен мир.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Nikogash ne sum se pronashla vo neshto tolku mnogu haha…Ubavo e koga znaesh deka ima i drugi koi ve sfakjaat 🙂
true 🙂