Неколку придобивки од здравиот режим на исхрана

Неколку придобивки од здравиот режим на исхрана

Придобивките од здравиот режим на исхрана се многубројни, но за жал за многумина тоа не е главниот приоритет. Во продолжение погледнете зошто е препорачливо да почнете да се храните здраво уште во дваесеттите години од животот.

Неколку придобивки од здравиот режим на исхрана

1. Вита линија

Една од најчестите причини да почнете да се храните здраво е постигнувањето на убава и вита линија. Тоа значи внесување помалку калории, односно консумирање на високо хранливи материи како овошје, зеленчук, житарици, јаткасти плодови итн. Доколку тоа ви се чини тешко и немате мотивација, замислете си само колку поубаво ќе изгледате летово во бикини, само ако решите да внимавате на исхраната и да бидете здрави.

2. Почиста кожа

Кожата е еден од индикаторите на севкупната состојба на организмот. Прекумерното внесување на брза храна се огледува во мрсната кожа на лицето. Сувата кожа пак, е резултат на недоволно внесување на здрави масти и минерали. За да го спречите тоа и да имате нормална, сјајна и блескава кожа потребно е да консумирате овошје и зеленчук секој ден, што навистина не е тешко.

3. Поздрава коса

Мечтаете за поздрава коса? Многумина се потпираат на скапи шампони, кондиционери и други третмани за коса, без да размислат дека она што го јадат има огромен удел врз изгледот на косата. Па така, доколку имате сува и тенка куса треба да го зголемите внесувањето на овошје, зеленчук и здрави масти како јаткасти плодови и семиња. Ако пак имате масна коса, можеби внесувате премногу шеќер, заситени масти и брза храна. За да го спречите тоа, треба да практикувате здрав режим на исхрана.

4. Поцврсти коски

Во младоста, последно нешто кое ви паѓа на памет се болестите на коските. Но, дали знаевте дека кршењето на коските во подоцнежните години е резултат на лошата исхрана во дваесеттите и триесеттите години од животот? Затоа, гледајте да внесувате доволно количество на калциум во секојдневната исхрана, кој е основен минерал за правилното развивање на коските.

5. Хормонална рамнотежа

Страдате од нередовен месечен циклус и промени во апетитот? Хормоните се во прашање. Доколку внесувате огромни количини брза храна, тогаш нивото на инсулин несомнено веднаш расне. За да не дојде до такви непожелни промени, почитувајте го режимот на здрава исхрана. Тоа ќе доведе до хормонална рамнотежа и ќе направи да се чувствувате убаво. Развијте ги здравите навики уште во младоста, за да немате проблеми во староста.

6. Добар сон

Големите количини на кофеин и шеќери може сериозно да го нарушат квалитетот на сонот. Заборавете на енергетските пијалаци и потрудете се да си легнувате порано од вообичаеното. Овошјето, зеленчукот, здравите масти и јаткастите плодови со сигурност позитивно ќе влијаат врз одморот и спиењето.

7. Подобри резултати на работа и училиште

Низа студии покажале дека оние што се хранат здраво живеат подолго, посреќно и постигнуваат подобри резултати на работа и во училиште. Замислете, една чинија со овесни снегулки наутро, значително може да го зголеми помнењето и фокусираноста. Ќе можете полесно и поефективно да учите и работите, а со тоа и да станувате поуспешни. Зарем ова не е доволна причина за да се храните здраво?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар