Неколку причини зошто сланината е храна од соништата

Неколку причини зошто сланината е храна од соништата

Постои ли нешто попривлечно и повкусно од сланина? Сите оние утра кои ги започнувате со неа, сигурно се најдобрите утра во вашиот живот. Меѓу луѓето владее погрешно мислење дека сланината не е воопшто здрава, но вистината е спротивна, па токму овие 10 нешта се доказ за тоа.

Неколку причини зошто сланината е храна од соништата

1. Сланината е единствената намирница која истовремено е и слатка и солена

И токму затоа таа со сè одговара. Неверојатно е колку добро функционираат овие два спротивни и сосема различни вкусови во сланината, кои се во целосна хармонија. Можеме слободно да кажеме дека сланината го спојува и она што не може да биде споено!

2. Таа е најдоброто оружје за борба против мамурлакот

Ништо не може да излечи мамурлак толку добро како пржена сланина и една шолја кафе. Тоа е универзална вистина. Колку пати ви се случило да се разбудите мамурни со неверојатен копнеж за чизбургер со сланина?

3. Сланината ве заситува

Таа е богата со заситени масти, па токму затоа по нејзиното консумирање ќе бидете подолго време сити отколку кога јадете храна која изобилува со јаглехидрати. Доколку сте гладни, а сакате подолго време да бидете сити, секогаш одбирајте сланина!

4. Преполна е со витамини

Да, можеби ова ви звучи чудно, ама сланината изобилува со витамини. Таа содржи многу големи количества витамин Б кој е важен за имунитетот и општо за здравјето. Во неа се наоѓаат и до 65% од препорачаната дневна доза тијамин, како и нијацин. Токму затоа наместо да давате пари за различни мултивитамини, послужете се со оброк со сланина.

5. Сланината е дел од палео диетата

Палео диетата е еден вид режим на исхрана кој се заснова на исхраната на нашите предци, далеку пред преработената храна да дојде во нашите домови. Таа се состои од овошје, зеленчук и месо, каде што е вклучена и сланината.

6. Лесна е за подготовка

Сланината е сон на секоја мрзлива личност – лесна е за подготовка и е екстремно многу вкусна. Неа може да ја подготви секој, дури и оние кои не се баш надарени за готвење. Најинтересно од сè е што можете да ја подготвите и во микробранова печка.

7. Можете да ја комбинирате со секаков вид храна во кое било време од денот

Сланина за појадок? Секако. Сланина за ручек? Да, благодарам. Сланина за вечера? Зошто да не. Таа добро оди со јајце, палента, бургери, скоро сите видови месо, салата…

8. Дури и кога не е добра, добра е

Како и секоја друга храна, различни компании произведуваат различни видови сланина, кои се помалку или повеќе вкусни. Но, дури и кога таа е премногу крцкава и не толку добро подготвена, сепак не можете да ѝ одолеете. Во секој случај, дури и лошата сланина секогаш ќе биде подобар избор од брокула!

9. Богата е со протеини

Протеините се клучна компонента за здрава диета и за наша среќа сланината е исклучително богата со нив. Протеините ви помагаат при одржување на коските, ноктите и кожата, па доколку сакате да бидете убави, не ја избегнувајте.

10. За секој човек постои различен вид сланина

Секогаш можете да јадете сланина, без разлика на вашите религиски верувања. Иако сланината најчесто е од свинско месо, таа може да биде и од мисирка, па дури и од патка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар