Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

Врските коишто се распаднале поради одредени причини, не се целосно бескорисни. Повеќето од нас ги мразат своите бивши, но сепак, мораме да признаеме дека тие нè научија на многу животни лекции. Доколку погледнеме наназад, од некој аспект можеме да кажеме дека залудно сме го трошеле времето, но не смееме да заборавиме дека учиме од минатото и со тоа се подготвуваме за иднината. Секогаш постојат работи на коишто нашите бивши нè научиле. Погледнете дел од нив.

1. Ни покажаа што ни е потребно

Кога излегуваме од една врска, секогаш одиме напред со јасна визија за тоа што ни е потребно во наредната. Тоа го дознаваме од нашите бивши, па следниот пат јасно знаеме што сакаме.

2. Ни покажаа што не ни е потребно

Додека излегувањето од добра врска може да ни покаже што ни е потребно, лошите врски можат да ни покажат од што треба да се држиме настрана. Сигурно идната врска нема да биде идеална, затоа што не постои ништо совршено, но од нашите бивши можеме да научиме што ни пречи. Иако несвесно, нашите бивши нè учат на многу љубовни лекции.

3. Нè научија да ги чуваме работите

И покрај познатиот ритуал за исфрлање на сите работи по завршувањето на врската, сепак, потајно задржуваме некои. По разделувањето, убавата кошула или прекрасниот накит ни изгледаат многу вредни, не затоа што сме емоционално поврзани со нив, туку затоа што тие се премногу удобни или скапи за да ги фрламе. Ова е уште една причина да им кажеме „Благодарам“ на нашите бивши!

4. Нè направија слободни

Не дека односите се премногу строго определени, туку одредените ограничувања доаѓаат природно. Врските се полни со компромиси, но по раскинувањето, секогаш постои чувство на слобода.

5. Ни дадоа јасна визија

Да не заборавиме да им се заблагодариме на нашите бивши што ни дадоа јасна визија пред да се разделиме. Често пати се лажеме самите себеси додека сме во врска дека сме потполно среќни и дека ништо не може да биде подобро од тоа, но реалноста е дека сè уште има работи коишто сме ги пропуштале. Статусот сингл ни овозможува да се вратиме назад во реалноста и да сфатиме дека на некој начин сме имале магла пред нашите очи. Во некои работи подобро е да уживаме сами.

6. Конечно ни дозволија да бидеме себични

Додека сме во врска правиме работи коишто се корисни и за двајцата, наместо да размислуваме само за себеси. Тоа е сосема нормално, но ограничувањето од некои работи не е секогаш добро. Бришењето на зборот „Јас“ од речникот, не е секогаш здраво. Па, едно искрено благодарам што тие конечно ни овозможија да бидеме себични и да размислуваме малку повеќе за себеси!

7. Ни го дадоа сето тоа време

Заедно со нашите емоции, ние сме потрошиле и време на таа врска. Поминале месеци и години, за сето тоа да заврши празно. Откако нема повеќе да жалиме, ќе имаме многу време кое инаку би било залудно потрошено.

8. Ни дадоа спомени

Колку и да бидат болни спомените во првиот период по раскинувањето, неколку години подоцна, на нив ќе се присетиме со насмевка. Кога ќе помислиме на забавните моменти коишто сме ги поминале заедно, ќе бидеме благодарни на нашите бивши што ни ги дале сите тие спомени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар