Неколку предлози за шминка кои мора да ги испробате во текот на оваа сезона
10. За да добиете јасна и цврста линија додека го нанесувате ајлајнерот, потпрете го лакотот на рамна, цврста подлога и употребете гел или моливче за да изведете прецизен финиш.
11. Сакате впечатливо исцртани очи во стилот на Клеопатра? Обидете се на овој начин, користејќи шаблон во комбинација со ајлајнер.
12. Челично сивиот зачаден изглед на очите ќе биде впечатливо екстравагантен во комбинација со неутрални усни и ненагласени веѓи.
13. Поиграјте си со линијата на вашиот капак, бидејќи не секогаш мора да ја следите вашата надворешна линија и да тежнеете кон крилест ефект на мачкини очи. Концентрирајте ја задимената сенка од средината на горниот капак кон внатрешниот раб на окото, задолжително употребувајќи светла боја за внатрешните агли на очите.
14. Првото нешто што го учите во боењето е да не ја преминувате линијата, но оваа шминка ве повикува да ги преминете границите и да преминете преку линиите. Светлиот кармин намачкајте го преку работ на усните, а со виолетова сенка урамете ги очите под линијата на долниот и над линијата на горниот капак.
Есента носи еден куп новитети кога е шминкањето во прашање, па затоа ви предлагаме да ја освежите вашата шминка со најатрактивните бои на есента.