Неколку предлози за шминка кои мора да ги испробате во текот на оваа сезона
И оваа зима општествено културниот живот се одвива во затворен простор, како на пример, најразличните журки, концерти и изложби, па ќе имате прилика да сјаете каде и да отидете. Секако, зимската шминка може да биде посилна и повпечатлива од летната, бидејќи студенилото и сивилото едноставно ве предизвикуваат да им докажете дека однатре се чувствувате убаво и шарено. А, кои се најпопуларните трендови во шминката за оваа сезона, останува да откриете во продолжение.
1. Нежни кафеави бои. Оваа зелено-кафеава нијанса е добредојдена промена во однос на класичните бои. За да го добиете тој совршен крилест облик, употребете мека четка за сенчење, откако сте ги изостриле аглите и сте ги сокриле сите недостатоци.
2. За секси изглед, употребете сјаен, впечатлив кармин. Намачкајте ги усните, направете ја косата и веднаш после работа може да се упатите на вечерното излегување.
3. Немојте да се плашите да употребите необични бои на вашите капаци. И секако, вашата омилена црна маскара за впечатлив ефект!
4. Не мора да бидете синоока или да имате светла коса за да носите впечатлив, светкав кармин. Потребно е само да ја изберете нијансата која најмногу ви одговара на тенот.
Продолжете на следната страна доколку сте љубител на минималистичкиот стил во шминкањето.