Неколку начини за природно да ги зголемите своите трепки

Неколку начини за природно да ги зголемите своите трепки

Жените уште од бронзената доба настојувале да ги продолжат своите трепки на најразлични начини, пред сè поради тоа што тие се една од клучните работи коишто може да го разубават женското лице. Но, за разлика од минатото, денес жените користат различни шминки и техники за продолжување на своите трепки, и тоа со помош на маскара или ајлајнер.

Со поголемите трепки жената станува поубава затоа што тие ги прават очите поголеми и подлабоки. Секако, во денешно време постојат најразлични начини за да се постигне овој ефект, меѓу кои најголема лудост е трансплантацијата на трепки. Лековите и трансплантацијата на трепки се многу скапи, а трошоците за нивно одржување се доста високи.

Па, постои и природен начин за да ги зголемите своите трепки. Не содржи хемикалии, можете да си го дозволите, а притоа добивате постојан и долготраен ефект. Денес ви откриваме како да го направите тоа.

1. Исхрана

Правилната исхрана е многу важна за растот на трепките, а посебно витаминот Е којшто помага да се обноват оштетените фоликули на влакното. Протеините, јајцата, квасецот и зрнестите плодови се важни за растот и густината на трепките. Витаминот Х исто така влијае на густината на трепките. Оревите и путерот од кикирики се нешто што би требало да го воведете во секојдневната исхрана. Калциумот и минералите го спречуваат кршењето на трепките, а и ги продолжуваат. За да го постигнете посакуваниот ефект препорачливо е да ја зголемите консумацијата на јогурт, сирење, бамји и сл. Овде исто така е потребно да го споменеме и млекото како производ којшто игра значајна улога за растот на трепките.

2. Маслиново масло

За маслиновото масло се вели дека е една магична состојка. Можете да го натопите на памук и директно да го втриете на трепките. Задржете го преку ноќта – така ќе биде многу ефикасно за раст и продолжување на трепките. Меѓутоа, пред да го нанесете задолжително отстранете ги сите траги од маскара и шминка, а очите измијте ги со вода. Со редовно користење на маслиновото масло, природно ќе ги продолжите своите трепки.

3. Белка од јајце

Уште една одлична намирница којашто го помага растот на трепките е белката од јајце. Едноставно изматете ја и со четка нанесете ја пената преку трепките. Можете да додадете и малку рицинусово масло во смесата. Оставете ја преку ноќ и овој метод ќе ги зајакне фоликулите на коренот што ќе вроди со имате фантастичен ефект.

4. Чешлање и превиткување на трепките

Покрај сè, многу е важно една жена два до три пати на ден да ги прочешлува трепките со специјален чешел којшто го стимулира растот. Превиткувачот за трепки пак дава одличен ефект, но внимавајте, треба да го користите умерено.

5. Зелен чај

Едно од најприродните средства за третман на трепките е нанесувањето на зелен чај. Тоа прави чувство на смиреност и ладење. Едноставно нанесете го со памук, но внимавајте течноста да не ви влезе во очите. По неколку часа измијте се со ладна вода. Кога станува збор за зелениот чај и убавината, стручњаците го препорачуваат во многу области.

6. Масажа

Масажата на очните капаци помага за раст на трепките поради тоа што го зголемува протокот на крв во тој предел, како и хранливите состојки што го стимулираат растот на влакното, а тоа е практично бесплатна техника.

7. Алое вера гел

Уште едно корисно средство коешто го решава проблемот со губењето на влакната е алое вера гелот. Можете да земете екстракт од оваа билка и директно да го нанесете на трепките, а гелот може да го нанесете и на веѓите. Многу лосиони наменети за нежните трепки содржат токму алое вера, така што директното нанесување ќе ви помогне со сигурност. Со редовна примена ќе забележите промена во должината и волуменот за само една недела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар