Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Можеби веќе сте чуле дека премногу коктели водат кон блед изглед на лицето, но дали сте знаеле дека млекото може да биде виновно за темните кругови под вашите очи и белите точки на брадата? Или пак, дека брчките на вашето чело или тенките веѓи можат да се појавуваат поради чоколадо?

(0) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Докторката и специјалист за грижа на кожата, Нигма Талиб, е убедена дека храната и пијалаците имаат директна врска со изгледот на нашата кожа на лицето, резултирајќи со лесно видливи симптоми кои можат да укажуваат на посериозни проблеми. Погледнете го вашето лице и откријте дали на него постојат знаци за несоодветна исхрана за вашето тело.

Винско лице

(1) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Типични симптоми: Изразени линии или црвенило под очите, опаднати очни капаци, зголемени пори, дехидрирана кожа со линии раширени низ образите, розови образи и нос.

Овој изглед се нарекува „винско лице“ бидејќи овие карактеристики се многу истакнати кај оние жени кои често пијат 1 или 2 чаши вино навечер, но вистината е дека тие можат да се појават од кој било вид алкохол. Алкохолот ја дехидрира кожата, а со тоа и ги влошуваа брчките и знаците на стареење. Овие знаци целосно ќе исчезнат доколку престанете да пиете алкохол. Тој има високо количество шеќер, кој го оштетува протеинот колаген – виталната состојка за еластичноста на кожата, предизвикувајќи зголемени пори и опаднати очни капаци. Според мапата на лицето, просторот помеѓу очите се поврзува со црниот дроб, па токму затоа и оние жени кои пијат поголемо количество алкохол имаат тенденција да имаат подлабоки линии или црвенило помеѓу веѓите.

Алкохолот исто така е познат и по инхибиција на ензимите кои телото ги користи за да се бори против процесот на воспаление кој ја уништува кожата, па неколку чаши вино можат да бидат доволна причина за овој процес да ги преземе нештата во свои раце, резултирајќи со розови образи и црвен нос. Добро е познато дека алкохолот може да предизвика деликатните капилари кај образите и носот да се прошират, на тој начин привлекувајќи крв под површината на кожата. Ако ова се случува често, тие остануваат проширени, давајќи ви траен црвеникав изглед. Најдобро би било доколку направите кратка пауза од алкохолот (барем 3 недели, за вашите црева да ја вратат рамнотежата) и потоа да почнете да го применувате правилото 80/20, односно 80% од времето да апстинирате, а 20% да си дозволите по една чаша вино, по можност од оние со помалку шеќер во нив.

Шеќерно лице

2-nekolku-nachini-na-koj-nesoodvetnata-ishrana-mozhe-celosno-da-go-unishti-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

Типични симптоми: Линии и брчки на челото, кеси под очите, коскесто лице, болни пустуларни точки ширум лицето, ослабување на кожата, сив или тесто бел сјај на кожата.

Ако вашата диета се содржи од многу шеќер и високо рафинирани јаглехидрати, како торти, колачи и бел ориз, кои брзо го претвораат шеќерот во телото, вашата кожа се бори да остане младолика. Проблемот е дека шеќерот го покренува процесот наречен гликација, каде што вишокот гликозни молекули се прицврстуваат на колагенот и ги трансформираат неговите природно еластични карактеристики во ригидни и нефлексибилни. Ова предизвикува кожата да се опушта и тенчи, додека линии и брчките водат кон предвремено стареење – особено под очите, каде што кожата е најделикатна и губењето еластичност највидливо.

Според мапата на лицето, челото се поврзува со процесот на варење на храната, па токму затоа и „шеќерното лице“ може да се манифестира преку брчки во таа област. Преголемото количество шеќер влијае врз распространувањето на маснотиите, па љубителите на шеќерот добиваат коскест изглед на лицето бидејќи ги губат маснотиите. Но, токму во цревата шеќерот е најопасен. Тој има огромно влијание на деликатната рамнотежа на бактерии во нив, кој потоа предизвикува пустуларни акни на лицето, рамената и градите. Дури и оние кои немаат акни, а сакаат да внесуваат големо количество шеќер, имаат бледа кожа. Ова настанува поради зголеменото ниво на инсулинот во крвта, кое го стимулира производството на хормонот кортизол.

Но, еден од најчудните знаци за зависност од шеќер може да се забележи покрај вашите веѓи. Нерамнотежата на инсулинот предизвикана од наглите промени на високо и ниско количество шеќер во крвта предизвикува стрес врз надбубрежната жлезда, која меѓу другите нешта, го контролира и растењето на веѓите. Доколку сметате дека вашите веѓи станале потенки, тоа може да биде знак за исцрпеност на надбубрежната жлезда. Намалувањето на шеќерот може да има инстантно и долготрајно влијание на вашето лице. За најдобри резултати, целосно отфрлете го шеќерот, но дури и бавно да го намалувате вие веднаш ќе забележите разлика.

Млечно лице

(3) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Типични симптоми: Потечени очни капаци, кеси и темни кругови под очите, мали бели точки или мозолчиња на брадата.

Кој било од овие симптоми може да биде знак дека вашето тело се бори при обработката на млекото и млечните производи. Лактозата во млекото е една од најчестите интолеранции на храна. Проблемите можат да настанат во подоцнежните години од животот, кога ги губиме ензимите кои ни овозможуваат ефикасно да ја обработиме лактозата. Ако забележувате благо лошење по пиењето млеко, тогаш тоа е знак дека сте интолерантни на млеко. Но, понекогаш вашето тело може да се бори со протеините во млекото без да ви покажува симптоми. Ова може да предизвика вашиот имунитет да испушти хемикалии кои предизвикуваат воспаление, чие присуство може да биде забележано на секој дел од вашето тело, вклучувајќи ја и кожата.

Истите процеси на воспаление кои можат да предизвикаат црвенило, отекување и топлина околу истегнати глужд или спица, можат да предизвикаат и натечени очи, кеси под очите и темни кругови на вашето лице. И тоа не е сè. Една чаша млеко содржи коктел од над 20 хормони и хемикалии, од кои некои постојат природно, додека другите ѝ биле дадени на кравата преку исхраната. Овие нешта можат да ја нарушат рамнотежата на вашите хормони, особено на „секс хормоните“ како естрогенот или прогестеронот, предизвикувајќи ви претерано растење на клетките кожа кои ги блокираат порите и ги заробуваат бактериите. Овие „млечни“ мозолчиња се појавуваат околу брадата и тоа има смисла ако ја погледнете мапата на лицето, бидејќи се верува дека брадата е поврзана со репродуктивните органи. Ако се сомневате дека проблемите на вашето лице се поврзани со млекото и млечните производи, ви препорачуваме 3-неделна пауза од сите видови продукти со лактоза со цел да откриете дали ќе има подобрување.

Глутенско лице

(4) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

Типични симптоми: Потечени црвени образи, темна пигментација на кожата околу брадата.

Многумина од нас се чувствителни на глутен – протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта. И покрај тоа што релативно малку луѓе страдаат од целијакија (автоимуна состојба каде глутенот го тера телото да се напаѓа само), протеинот кај голем дел од луѓето создава реакција на воспаление. Ова може да предизвика лицето да изгледа надуено, воспалено или потечено. Како резултат, клетките кои се одговорни за создавање пигментација на кожата, водат кон формирање темни кругови на брадата. Реакцијата на глутенот може да направи огромна штета врз вашиот имунитет, како и да ја наруши деликатната рамнотежа на репродуктивните хормони.

Оние кои страдаат од ефектите на глутенот со години се жалат на розцеа – состојба на кожата која се карактеризира со црвен осип на образите кој целосно исчезнува откако ќе се отстрани внесувањето глутен. Без разлика каква е вашата исхрана и колку внимавате на вашето здравје, доколку ги имате симптомите за „глутенско лице“, тогаш ништо не може да ја направи вашата кожа да изгледа добро освен исфрлањето глутен од вашата исхрана. Откако ќе го исфрлите, пијте повеќе вода и внесувајте многу хранливи влакна со цел бојата на вашата кожа да се нормализира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар