Неколку начини на кои можете да ја вратите традиционалната романса во вашиот љубовен живот

Неколку начини на кои можете да ја вратите традиционалната романса во вашиот љубовен живот

Како што поминува времето, така и сè повеќе се заборава на традиционалната романтика и флертување. Но, време е тоа да престане. Заборавете на Фејсбук, Инстаграм и другите социјални мрежи кои создаваат илузија на онлајн романса и вратете ја во живот вистинската игра на заведување. Погледнете ги следниве мали трикови од старите филмови кои можат да ви помогнат да ја вратите вистинската романса за време на вашиот љубовен состанок.

Неколку начини на кои можете да ја вратите традиционалната романса во вашиот љубовен живот

Облечете се соодветно – Потсетете се на Одри Хепберн. Дали мислите дека таа би излегла од дома во патики и тесни фармерки? Не, секако дека не. Без разлика на каде се движите, штиклите и шармантниот црвен кармин треба секогаш да бидат дел од вашата модна комбинација.

Одберете несекојдневно место – Мали се шансите дека ќе си поминете лошо во елитен и познат ресторан, но доколку сакате да создадете моменти кои ќе ги помните до крајот на вашиот живот, заборавете на сигурното и одберете нешто сосема различно. Договорете пикник надвор од вашиот град, на отворено или пак, возење со кочија низ центарот. Црпете ја вашата инспирација од златната ера на Холивуд.

Бидете дама – Постојат моменти во кои најпосакуваното и најдрагоценото нешто е да се биде шармантен и речит наместо секси. Токму љубовните состаноци спаѓаат во овие моменти. Шармирајте го со искрена насмевка, нежен хумор и скромна мудрост, а нечистите мисли оставете ги за нареден пат.

Задржете ја мистеријата – Доколку погледнете некои од старите и култни филмови, брзо ќе забележите дека џентлемените секогаш знаеле како да се однесуваат со дама, а дамите знаеле како да ги натераат џентлемените да се вратат за уште. Целта е да не откриете сè за себе на првиот состанок, но исто така и да не се фрлите веднаш во неговата прегратка. Нежниот бакнеж за добра ноќ со ветување дека наскоро ќе се видите повторно ќе го доведе до лудило.

Вашиот збор нека биде последен – Ако нешто нè научиле старите филмови, тоа е дека вие мора да бидете самоуверени, страсни и горди на себе. Токму оние жени кои зрачат со самодоверба се и оние кои се сметаат за најсекси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар