Неколку начини на кои можете да им помогнете на вашите органи да се регенерираат
Сигурни сме дека веќе знаете за регенеративните моќи на вашиот црн дроб. Неговите клетки живеат околу 150 дена, а потоа се заменуваат со нови со цел тој да може да продолжи со својата работа која вклучува исфрлање на отровите од организмот. Неодамнешни истражувања ни покажуваат дека и срцето се регенерира, така што се обновува и до 3 или 4 пати во текот на денот.
Кожата се обновува на 28 дена, на коските им се потребни околу 10 години, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци, клетките на цревата се обновуваат на секои 3 до 4 дена, а што се однесува до мозочните клетки, тие немаат способности за регенерирање, па токму затоа и мора да научите како да ги чувате.
Доколку сакате да останете здрави, вие треба да научите како со помош на исхраната да помогнете при регенерацијата на вашите органи. Еве како да го сторите тоа…
Обновување на нервите
Постои широк спектар природна храна која регенеративно делува врз нервите. Една студија од 2010 година покажала дека комбинацијата од боровинки, зелен чај и карнозин (се наоѓа во свинско и јунешко месо, како и кај рибите) помага при регенерација на нервите и матичните клетки. Други состојки со слично дејство се:
- куркумин (корен од растението куркума)
- апигенин (соединение кое се наоѓа во целер, магдонос и артичока)
- боровинки
- жен шен
- црвена жалфија
- ресвератрол (црвено вино, црно грозје, црна чоколада)
- матично млеко
- теанин (зелен чај)
- кафе
Обновување на црниот дроб
Глицирзинот е соединение кое се наоѓа во слаткиот корен. Според една студија, тој е одличен стимуланс за регенерација кај оние животни кои имале хируршки изваден дел од црниот дроб. Други состојки кои помагаат при обновувањето на овој орган се:
- карвакрол (масло од оригано)
- куркумин (корен од растението куркума)
- корејски жен шен
- артичока
- витамин Е (спанаќ, бадеми, сончогледови семки, авокадо, риба, маслиново масло, брокули, тиква…)
Обновување на бета ќелиите
Бета ќелиите се одговорни за производството на инсулин во панкреасот. Вие со помош на следниве состојки можете превентивно да влијаете врз можноста за појава на дијабетес или доколку веќе страдате од оваа болест, да го намалите нејзиниот ефект врз вашето тело:
- црн ким
- витамин Д (риба, кавијар, јајца, сирење)
- куркумин (корен од растението куркума)
- аргинин (црвено месо, соја, јајца, морски плодови, сусам)
- авокадо
- горчлива диња
- стевија
- сулфорафан (брокула, кељ, зелка, карфиол)
Обновување на хормоните
Еден од најдобрите начини да ги регенерирате вашите хормони кои ослабеле со губење на електроните е доколку внесувате многу витамин Ц во вашиот организам. Тој може да се најде кај:
- пиперки
- кељ
- киви
- брокули
- јагоди
- портокали
- грашок