Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Пастелните бои отсекогаш ги привлекувале трендсетерките и оваа пролет повторно ќе бидат популарни. Покрај нежната боја на лаванда, ќе се истакнуваат и нежната зелена, жолта и сина нијанса. Но, тоа не значи дека треба да ја запоставите популарната светлорозова боја.

1. Светлозелена боја

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Оваа боја им стои одлично на сите девојки, без разлика дали имаат светол или темен тен. Можете да комбинирате „слип“ здолниште или сатенски фустан со потенок џемпер или со сако во пастелна боја и да имате подготвено комбинации за разни пригоди. Можете да ги комбинирате со патики или со високи потпетици, а двете комбинации ќе изгледаат привлечно, свежо и стилски.

2. Нежна лаванда

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Како еден од најголемите трендови, светловиолетовата боја остава без здив. Фармерките во оваа боја изгледаат многу привлечно и можете да ги комбинирате со едноставна маица и со сандали. Костумот во оваа боја е задолжителен и со едноставни чевли ќе имате добра деловна комбинација, а со бели патики можете да изгледате модерно кога одите на пијалак со пријателките.

3. Небесно сина

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Сината боја им се допаѓа на девојките кои имаат посветла коса бидејќи светлите нијанси на оваа боја дополнително го истакнуваат нивниот изглед. За секојдневен изглед, можете да направите комбинација на предимензионален џемпер со фармерки и патики, а за деловна варијанта изберете кратко сако во оваа боја што ќе ги комбинирате со раскроено здолниште.

4. Пастелна жолта

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Како сладолед од лимон, оваа боја е нешто што дефинитивно треба да го пробате. Изгледа одлично на долгите летни фустани што можете да ги носите со сандали или балетанки како деловна комбинација. Освен тоа, панталоните во оваа боја се вистински предизвик и со едноставна кошула или блуза ќе изгледате софистицирано и нежно.

5. Пудра розова

Неколку начини како да ги носите пастелните нијанси оваа сезона

Ова е нијанса што сите ја обожаваат. Секогаш е актуелна и лесно се комбинира со остатокот од облеката. Совршено се комбинира со бела боја и со нијанси на кафеава боја. Вклучете ја во вашиот пролетен изглед и комбинирајте ја на начин што вам ви одговара. Сатенското здолниште во оваа нијанса изгледа одлично со светлокафена нијанса. Костумот во оваа боја е нешто што ќе импресионира сите.

Погледнете ги овие 4 пролетни комбинации што сигурно ќе посакате да ги носите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар